Балкан

Мигрант физички нападнат и ограбен од тројца Пакистанци

Дваесет и тригодишен Пакистанец, кој на 19 јули пристигнал во кумановското село Ваксинце, бил физички нападнат и ограбен од страна на тројца Пакистанци

Ivana Ramadanova  | 23.07.2017 - Обновена : 24.07.2017
Мигрант физички нападнат и ограбен од тројца Пакистанци

Skopje

СКОПЈЕ (АА) - Дваесет и тригодишен Пакистанец, кој на 19 јули пристигнал во кумановското село Ваксинце, бил физички нападнат и ограбен од страна на тројца Пакистанци, пренесува Anadolu Agency (AA).

Полицијата денеска соопшти дека случајот е пријавен вчера во СВР Куманово од страна на дежурниот во полициската станица Сопот кој информирал дека 23-годишниот А.Ф. изјавил оти бил ограбен од тројца пакистанци кои му одзеле 150 евра.

Од извршениот разговор со него утврдено е дека тој со група мигранти пристигнал во Ваксинце каде бил пречекан од тројца пакистанци кои биле задолжени за пречекување и испраќање мигранти надвор од Македонија.

„На 21 јули околу 22 часот, тие на сите лица од групата им побарале по 2.000 евра од лице за да ги пренесат преку граница во Република Србија. Бидејќи А.Ф. немал пари, еден од организаторите го нападнал, удирајќи го со два удари по лицето, по што му ги одзел парите и го оставиле. А.Ф. е пренесен во Транзитниот центар - Скопје", се вели во соопштението.

Надлежните органи преземаат мерки за расчистување на настанот.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın