Балкан

Министерот Спасовски оствари средба со генералниот секретар на Интерпол

Спасовски и Сток се договориле да се потпише Договор помеѓу Владата на Република Македонија и Меѓународната организација за криминалистичка полиција – Интерпол за признавање на патниот документ на Интерпол

Admir Fazlagic  | 16.01.2018 - Обновена : 17.01.2018
Министерот Спасовски оствари средба со генералниот секретар на Интерпол (Фото: Министерство за внатрешни работи на Македонија)

Skopje

СКОПЈЕ (АА) - Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски денеска во седиштето на Генералниот секретаријат на Интерпол во Лион, Република Франција, оствари работна средба со Јирген Сток, генерален секретар на Интерпол, пренесува Anadolu Agency (AA).

„Ова е исклучително важна посета, особено во моменти кога имаме сериозни предизвици на глобално ниво. Ефикасната борба против организираниот криминал, против тероризмот, насилниот екстремизам... зависи од тоа колку брзо ќе имаме размена на информации и податоци. Ми причинува огромно задоволство што генералниот секретар на Интерпол оддаде признание за напорите кои што Република Македонија ги прави за реформи во МВР, како и за професионалниот пристап во соработката со Интерпол“, рече министерот Спасовски по средбата со Сток.

Како што информираше Министерството за внатрешни работи (МВР) Спасовски и Сток се договориле да се потпише Договор помеѓу Владата на Република Македонија и Меѓународната организација за криминалистичка полиција – Интерпол за признавање на патниот документ на Интерпол. 

Според овој договор Република Македонија го признава патниот документ и ги ослободува од виза неговите носители при влез и/или излез од Република Македонија кога тие вршат службени задачи од делокругот на надлежности на Интерпол.

Министерот Спасовски го поканил генералниот секретар на Интерпол да ја посети Република Македонија, што ќе биде од особено значење за праќање на порака за заедничка борба против криминалот и корупцијата и против сите глобални предизвици. 

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.