Балкан

Могерини со лидерите од Балканот: Приближување на иднината во рамките на ЕУ

Јакнење на разбирањето, добрососедските односи, меѓусебното почитување и соработка се потврдени како насоки на работа на гостите од западен Балкан

Elvir Bucalo, Admir Fazlagikj  | 25.05.2017 - Обновена : 26.05.2017
Могерини со лидерите од Балканот: Приближување на иднината во рамките на ЕУ (Foto: Arhiva/AA)

Brussels

БРИСЕЛ (AA) - Сите учесници на работната вечера одржана во кабинетот на Високата претставничка на Европската унија и потпретседателката на Европската комисија, Федерика Могерини, ја потврдија полната определеност на процесот на интеграции со ЕУ, јавува Anadolu Agency (AA).

„Ја нагласија решителноста и заедничкиот интерес да ја зајакнат меѓусебната соработка што би требало да се почувствува на квалитетот на животот на нивните граѓани", се наведува во соопштението на високата претставничка на ЕУ.

Јакнење на разбирањето, добрососедските односи, меѓусебното почитување и соработка се потврдени како насоки на работа на гостите од од западен Балкан.

Високата претставничка ги охрабри премиерите да ги забрзаат неопходните активности за да одговорат на очекувањата на граѓаните и да се приближат на иднината во рамките на ЕУ.

Мандатарот за состав на новата Влада на Република Македонија Зоран Заев, по вечерата на Могерини со 6-те премиери од Балканот изјавил дека е разговарано за интензивирање на меѓусебната регионална соработка како и унапредување на перспективите кон ЕУ, соопштија од Социјалдемократскиот сојуз на Македонија (СДСМ).

„Зборувавме за регионалните проекти и огромната поддршка од ЕУ за инфаструктурните проекти кои се во фаза на изградба или аплицирање, зборувавме за отворените билатерални прашања кои постојат во регионот, а би биле пречка за идното напредување кон ЕУ и секако најважното беше да се зајакне соработката", изјавил Заев по заедничката вечера.

Исто така се соопштува дека на заедничката вечера било заклучено дека неопходна е потребата од редовни состаноци на премиерите од Западен Балкан со високите претставници на ЕУ.

Потсетуваме, во Брисел, во среда е одржана работна вечера на која присуствуваа Могерини и шесте лидери на земјите од западен Балкан. Могерини пред вечерата одржа одделни средби со шестмината претставници на земјите од регионот.

На вечерата во Брисел присуствуваа мандатарот за состав на Владата на Македонија Зоран Заев, премиерот на Албанија Еди Рама, премиерот на Косово Иса Мустафа, премиерот на Србија Александар Вучиќ, премиерот на Црна Гора Душко Марковиќ и претседавачот со Советот на министри на Босна и Херцеговина Денис Звиздиќ.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.