Балкан

На границата на Србија и на Црна Гора, запленети 32 килограми марихуана

Членовите на гранична полиција и полициската администрација во Пријепоље на граничниот премин Гостун, на влезот во Србија, запленија повеќе од 32 килограми марихуана

Medin Halilovic  | 24.02.2018 - Обновена : 25.02.2018
На границата на Србија и на Црна Гора, запленети 32 килограми марихуана (Фото: МВР на Србија)

Prijepolje

ПРИЈЕПОЉЕ (AA) - Членовите на гранична полиција и полициската администрација во Пријепоље на граничниот премин Гостун, на влезот во Србија, запленија повеќе од 32 килограми марихуана, јавува Anadolu Agency (AA).

Српската полиција го уапси С. Р. (1980) од Белград, поради постоење на основано сомнение дека сторил кривично дело неовластено производство и трговија со дрога.

Марихуана беше пронајдена во автомобил Рено Венсатис со белградски регистарски таблички со кој управувал С.Р.

Во специјални изработени бункери под задните седишта се откриени 30 пакувања со тежина од 32 килограми и 116 грама на наркотични дроги, потврдено е од Министерството за внтарешни работи на Србија.

На осомничениот по налог на високиот јавен обвинител му е одреден притвор до 48 часа, по што со кривичната пријава, ќе биде споведен во јавното обвинителство во Ужице.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın