Балкан

Народен правобранител: Поддршката на жртвите од тортура, основа на демократијата

Народниот правобранител на Република Македонија во соопштение по повод 26 Јуни, Меѓународниот ден за поддршка на жртвите од тортура порача дека поддршката на жртвите од тортура е основа на демократијата на едно општество

Admir Fazlagic  | 26.06.2017 - Обновена : 27.06.2017
Народен правобранител: Поддршката на жртвите од тортура, основа на демократијата

Skopje

СКОПЈЕ (АА) - Народниот правобранител на Република Македонија Иџет Мемети во соопштение по повод 26 Јуни, Меѓународниот ден за поддршка на жртвите од тортура порача дека поддршката на жртвите од тортура е основа на демократијата на едно општество, пренесува Anadolu Agency (AA).

„Обврската за борба против тортурата и нехуманиот третман не смеат да бидат само декларативни, туку крајно време е властите да преземат конкретни мерки и активности за сузбивање на ваквите состојби, а на жртвите кои биле предмет на мачење или друго сурово, нечовечно или понижувачко постапување да им обезбедат соодветна правна, медицинска, психолошка и социјална поддршка", порачува Народниот правобранител.

Тој истакнува дека поддршката на жртвите од тортура претставува една од основните обврски на секое општество кое ги почитува демократските принципи и меѓународни стандарди за човековите права.

„Народниот правобранител како Национален превентивен механанизам врши континуиран мониторниг во местата на лишување и ограничување на слободата на движење и постојано алармира за нехуманите услови и понижувачкиот третман на којшто се изложени лицата во овие места", се вели во соопштението.

Инаку, на 12 декември 1997 година, со резолуцијата 52/149, Генералното собрание на Обединетите нации го прогласи 26 Јуни како Меѓународниот ден за поддршка на жртвите на тортура, со цел целосно искоренување на тортурата и ефективно функционирање на Конвенцијата против тортура и друго сурово, нечовечно или понижувачко постапување или казнување.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.