Балкан

Национален совет за безбедност на Косово: Состојбата во земјата е мирна

Советот оценува дека во случај да се укаже потреба за дополнителна помош и експертиза во расветлување на случајот , стручна помош може да се побара и од специјализирани меѓународни агенции, посебно од американскиот ФБИ

Zülfiya Yakup  | 17.01.2018 - Обновена : 17.01.2018
Национален совет за безбедност на Косово: Состојбата во земјата е мирна (Фото: Влада на Косово)

Pristina

ПРИШТИНА (AA) – Националниот совет за безбедност на Косово проценува дека безбедносната ситуација во земјата е мирна и стабилна, по убиството на Оливер Ивановиќ, срспкиот политичар во Северна Митровица, пренесува Anadolu Agency (AA).

Премиерот на Косово Рамуш Харадинај одржа состанок со Националниот совет за безбедност на кој е проценето дека безбедносната ситуација во земјата е мирна и стабилна и дека агенциите за спроведување на законот одговорно ги вршат своите должности во одржување на јавниот ред и безбедноста за сите граѓани на земјата, откако утрово во Северна Митровица е убиен Оливер Ивановиќ.

„Националниот совет за безбедност нагласува дека органите за безбедност и обвинителството спроведуваат интензивна истрага за убиството на Оливер Ивановиќ и се истражуваат сите можни патишта.

Органите за спроведување на законот ги повикуваат сите граѓани да ја пружат својата помош и соработка во откривањето на сторителите на ова кривично дело и нивно спроведување пред лицето на правдата", се истакнува во соопштението на Владата на Косово.

Советот оценува дека во случај да се укаже потреба за дополнителна помош и експертиза во расветлување на случајот , стручна помош може да се побара и од специјализирани меѓународни агенции, посебно од американскиот ФБИ.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın