Балкан

Најбројни гости во Македонија се Турците, Србите, Грците, Албанците и Бугарите

Според податоците од Државниот завод за статистика, бројот на странски туристи во јануари годинава, во однос на јануари минатата година е зголемен за 15,5 отсто, а бројот на ноќевањата за 15,2 отсто

Ivana Ramadanova  | 13.03.2017 - Обновена : 14.03.2017
Најбројни гости во Македонија се Турците, Србите, Грците, Албанците и Бугарите

Skopje

СКОПЈЕ (AА) - Според податоците на Државниот завод за статистика, во првиот месец од оваа година, Македонија ја посетиле 25.031 странски туристи, кои оствариле 46.137 ноќевања, пренесува Anadolu Agency (AA).

Од таму информираат дека најголемиот дел од гостите кои ја посетиле нашата земја доаѓаат од Турција, Србија, Грција, Албанија и Бугарија.

„Вкупниот број туристи во јануари годинава изнесува 43.220, и бележи зголемување во однос на јануари, лани, за 13,3 отсто. Бројот на ноќевањата изнесува 87.894 и има зголемување за 11,7 проценти“, се вели во извештајот на ДЗС.

Бројот на домашните туристи во јануари 2017 година, во однос на јануари 2016 година, е зголемен за 10,3 отсто, а пак бројот на ноќевањата на домашните туристи во јануари 2017 година, во однос на јануари 2016 година е зголемен за 8,1 отсто.

„Бројот на туристите во јануари 2017 година, во однос на претходниот месец е зголемен за 2,7 отсто. Кај домашните туристи има зголемување за 15,7 отсто, а кај странските има намалување за 5,1 отсто. Бројот на ноќевањата во јануари 2017 година, во однос на претходниот месец, е зголемен за 8,4 отсто. Кај домашните туристи има зголемување за 24,3 отсто, а кај странските има намалување за 2,8 отсто“, информираат од ДЗС.

Според податоците на Државниот завод за статистика, бројот на странските туристи во јануари годинава, во однос на јануари минатата година е зголемен за 15,5 проценти, а бројот на ноќевањата за 15,2 отсто.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.