Балкан

Николиќ: Србија нема да започне и да предизвика судири

„Ние никогаш нема да започнеме и да предизвикаме судир, но сме држава која мора да го штити својот народ и територија“

Aldıjana Hadzıc  | 15.01.2017 - Обновена : 15.01.2017
Николиќ: Србија нема да започне и да предизвика судири

Belgrad

БЕЛГРАД (АА) - Српскиот претседател Томислав Николиќ изјави дека Косово вчера прекршило неколку од договорите во Брисел и потсети на тоа дека точката еден од Бриселскиот договор говори за слободата на движење и правото на сите граѓани да се движат слободно, без можност некој да ги спречи во тоа, пренесува Anadolu Agency (AA).

Николиќ во изјава за новинарите по состанокот на Советот занационална безбедност, одржан по вчерашните настани поврзани со движењето на возот на релација Белград-Митровица, рече дека постои и одредба која вели дека специјалните единици РОСУ не можат да се појават северно од реката Ибар без одобрение на НАТО и локалната заедница.

Тој истакна дека ЕУ и НАТО не дале вистински одговор за вчерашните настани.

„Ние никогаш нема да започнеме и да предизвикаме судир, но сме држава која мора да го штити својот народ и територија“, порача тој.

Според негова оценка, договорите во Брисел служат само за тоа Србија да се опомене на она на што се има обврзано, а Косово да ги погазува.

Николиќ рече дека неговиот предлог до Советот за национална безбедност бил сега во Брисел да се преговара само за тоа кога тој воз ќе помине, односно за слободата на движење.

„Сè друго е беспредметно. Ако нема слобода на движење, ако ја потпишавме, ако гарант за таа слобода се ЕУ и НАТО, кој е воено присутен, ако тоа не сакаат да го обезбедат, за што всушност овде зборуваме со привремените косовски институции“, додаде Николиќ и продолжи:

„Ние не сакаме судир, но постојат ситуации и околности кога веќе не можете да се однесувате според вашите желби. Ние ќе делуваме во согласност со Уставот на Србија, кој е јасен. Ние сме должни да ја обезбедиме секоја педа од територијата и секој граѓанин. Во тоа сме сложни и единствени и нека не нè предизвикуваат“.

Секој следен обид на властите во Приштина да предизвикаат судир, како што рече Николиќ, како што беше вчерашното случување во врска со возот на релација Белград-Митровица, ќе заврши лошо.

На седницата на Советот за национална безбедност, со кој претседаваше Николиќ, присуствуваа српскиот премиер Александар Вучиќ, заменик-премиерот и министер за внатрешни работи, Небојша Стефановиќ, министерот за одбрана Зоран Ѓорѓевиќ, министерката за правда Нела Кубуровиќ, директорот на полицијата Владимир Ребиќ и началникот на Генералштабот на Војската на Србија, генерал Љубиша Диковиќ.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın