Балкан

Ново работно време за органите на државната администрација во Црна Гора

Од понеделник, 27. март, вработените во министерствата, управите, дирекциите и во останатите институции на државната администрација ќе работат од 7 до 15 часот

Adel Ömeragiç  | 23.03.2017 - Обновена : 24.03.2017
Ново работно време за органите на државната администрација во Црна Гора

Montenegro

ПОДГОРИЦА (AA) - Владата на Црна Гора денес донесе конечна одлука за новото работно време за службата на државната администрација. Така, од понеделник, 27. март, вработените во министерствата, управите, дирекциите и во останатите институции на државната администрација ќе работат од 7 до 15 часот, јавува Anadolu Agency (AA).

Институциите на државата досега работеле од 9 до 17 часот. Пред три години, иницијативата за промена на работното време ја започна тогашниот министер за внатрешни работи, Рашко Коњевиќ.

Повеќе од 300 службеници на Министерството за внатрешни работи (МВР) се изјаснија за поинакво работно време, со образложение дека тоа ќе придонесе за поефикасно извршување на работите, но и за зачувување на семејството како основна клетка на општеството.

На основа, на анкетата што беше спроведена меѓу вработените во државната администрација, повеќето се изјаснија дека ја поддржуваат иницијативата за менување на работното време.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.