Балкан

Ограбена „Шарената џамија" во Тетово

„Сторителот насилно ја отворил влезната врата, влегол внатре и од кутијата за доброволен прилог ги одзел парите и побегнал во непознат правец”, информираше Министерството за внатрешни работи

Admir Fazlagic  | 23.01.2018 - Обновена : 24.01.2018
Ограбена „Шарената џамија" во Тетово (Foto: Arhiva/AA)

Skopje

СКОПЈЕ (АА) – Министерството за внатрешни работи на Република Македонија (МВР) соопшти дека е ограбена Шарената џамија во Тетово, пренесува Anadolu Agency (AA).

Како што информираше МВР, во вечерните часови на 21 јануари до утринските часови на 22 јануари, во верскиот објект Шарена џамија во Тетово непознат сторител извршил кражба.

„Сторителот насилно ја отворил влезната врата, влегол внатре и од кутијата за доброволен прилог ги одзел парите (околу 500 денари во разни апоени, пет евра и пет турски лири) и побегнал во непознат правец”, информираше МВР.

Исто така, ноќта помеѓу 21 и 22 јануари, во џамијата Ринис во Тетово засега непознат сторител извршил обид за кражба.

„Сторителот со употреба на подесен алат насилно отворил еден прозор, влегол внатре, но откако се активирал алармот побегнал во непознат правец”, соопшти МВР.

И во двата случаи, увид на местото на настанот извршила екипа од Секторот за внатрешни работи - Тетово. Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителите и за целосно расчистување на наведените случаи.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın