Балкан

Охрид: Претставници од безбедносниот сектор од Балканот дебатираат за заканите од ДЕАШ

Главна тема на која ќе се разговара се заканите од ДЕАШ нивна радикализација преку сајбер просторот како и потребата од градење на регионална соработка помеѓу учесниците од НАТО и земјите од Партнерството за мир

Miki Trajkovski  | 03.04.2017 - Обновена : 04.04.2017
Охрид: Претставници од безбедносниот сектор од Балканот дебатираат за заканите од ДЕАШ

Ohrid

ОХРИД (АА) - Во организација на Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“ од Скопје и Бугарската академија на науките, од денес, па во наредните пет дена, во Охрид ќе се одржува напредна школа на НАТО, на која учествуваат претставници од безбедносниот сектор од Македонија, Бугарија, Албанија, Босна и Херцеговина, Словенија, Србија, Хрватска и од Црна Гора, јавува Anadolu Agency (AA).

Главната тема на која ќе се разговара се заканите од ДЕАШ, нивната радикализација преку кибер-просторот, како и потребата од градење регионална соработка меѓу учесниците од НАТО и земјите од Партнерството за мир.

Непосредно пред почнување на настанот изјави за медиумите дадоа министерот за одбрана на Република Македонија Зоран Јолевски и Златогор Минчев, началник на Одделот за информатика и безбедност при Бугарската академија на науките.

Министерот за одбрана на Македонија, Зоран Јолевски рече дека иако ДЕАШ во последните неколку месеци трпи загуби, ситуацијата и понатаму треба будно да се следи.

„Во овие пет дена ќе имаме голем број предавачи од земјите-членки на НАТО, но и учесници од регионот, каде што ќе се дискутира како земјите од регионот да се справат со заканите од кибер-безбедноста, односно да се намали радикализацијата на младите луѓе кои ДЕАШ и некои други терористички организации ги користат. Ова е мошне значајна конференција бидејки експертите од Македонија и од целиот регион ќе се стекнат со најсоодветни знаења од оваа област, со цел да бидеме поуспешни со овој предизивик“, рече Јолевски.

Златогор Минчев, началник на Одделот за информатика и безбедност при Бугарската академија на науките, на новинарско прашање дали имаат сознанија за нов бегалски бран рече дека е неопходна и претпазивост поради можноста да се појави нов бран мигранти.

„Не сум подготвен да влегувам во детали, но постојат одредени планови доколку се имаат предвид најавите на Ердоган. Доколку ситуацијата во Европа продолжи, тие би можеле да ги отворат границите и бегалците да дојдат тука. Тука има кампови за бегалци и се надеваме дека бегалскиот бран само ќе транзитира. Но важно е да бидеме подготвени, најмногу во насока на подигање на свеста кај јавноста и потребата за дискусии на односната проблематика, затоа што тоа е задачата на интегрираниот безбедносен сектор за справување со такви појави“, рече Минчев.

Министерот Јолевски, во однос на бегалската криза кажа дека ја следат безбедносната состојба во регионот и пошироко, како и можностите за нов мигрантски бран.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.