Балкан

Пленковиќ: Штета што пресудата на Младиќ не е поврзана со тогашниот српски врв

Премиерот на Хрватска, Андреј Пленковиќ, на седницата на Владата изјави дека доживотната казна на Ратко Младиќ е прикладна, но со жалење утврди дека Хашкиот суд не го поврзал тогашниот српски врв со сторените злосторства во Хрватска и во БиХ

Stipe Mayiç  | 23.11.2017 - Обновена : 23.11.2017
Пленковиќ: Штета што пресудата на Младиќ не е поврзана со тогашниот српски врв

Grad Zagreb

ЗАГРЕБ (АА) - Премиерот на Хрватска, Андреј Пленковиќ, на седницата на Владата изјави дека доживотната казна на Ратко Младиќ е прикладна, но со жалење утврди дека Хашкиот суд не го поврзал тогашниот српски врв со сторените злосторства во Хрватска и во БиХ, јавува Anadolu Agency (AA).

Ратко Младиќ, поранешниот командант на Војската на Република Српска, вчера беше осуден пред Хашкиот трибунал на доживотна казна затвор поради геноцидот во Сребреница и за воени злосторства во БиХ, сторени за време на војната во периодот од 1992 до 1995 година.

Пленковиќ, зборувајќи за пресудата на Младиќ, порача оти смета дека доживотната казна е прикладна.

„Жал ни е што не дојде до поврзување со тогашниот државен врв на Србија, кој без сомнеж е исто така одговорен“, изјави Пленковиќ

Тој истакна дека му е жал што во обвинението ги немало злосторствата што Ратко Младиќ со своето дејствување ги сторил во Хрватска.

Пленковиќ, исто така, се присети на 26-годишнината од падот на Вуковар и на меморијалната Колона на сеќавањето, во којашто учествуваше во придружба на дел од министрите и владата на Хрватска, и рече дека достоинствено бил одбележан денот на сеќавање на жртвите на Вуковар.

Тој најави дека следната седница на Владата на Република Хрватска ќе биде одржана во Осијек и порача дека развојот на источниот дел на земјата и на Славонија е важен приоритет на оваа влада.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.