Балкан

По инцидентите во Собранието: Снимателот на АА е во добра здравствена и безбедна состојба

Маскираните групи кои насилно влегоа во Собранието ги држеа како заложници дел од пратениците како и некои припадници на медиумите, меѓу беше и Ведат Абдул, снимателот на АА во Скопје

Admir Fazlagic  | 28.04.2017 - Обновена : 28.04.2017
По инцидентите во Собранието: Снимателот на АА е во добра здравствена и безбедна состојба

Skopje

СКОПЈЕ (АА) - Снимателот на Anadolu Agency (AA), Ведат Абдул, кој беше едно од медиумските лица кои беа држани како заложници, меѓу кои беа и некои пратеници, кога маскирани лица насилно влегоа во Собранието и физички ги нападнаа припадниците на медиумите и пратениците се наоѓа во добра здравствена и безбедна состојба, јавува Anadolu Agency (AA).

Снимателот на АА бил евакулиран од надлжените служби и се наоѓа во добра здравствена состојба.

Инцидентот во Собранието се случи кога продолжија протестите на поддржувачите на ВМРО-ДПМНЕ, пред Собранието кога Талат Џафери, пратеникот од Демократската унија за интеграција (ДУИ) беше избран за претседател на Собранието.

Маскираните групи кои насилно влегоа во собранието ги држеа како заложници дел од пратениците како и некои припадници на медиумите, меѓу беше и снимателот на АА во Скопје.

Во настанатиот случај, беше повреден лидерот на СДСМ Зоран Заев, како и неколку други пратеници.

Забележано е дека припадниците на оваа група кои насилно влегоа во Собранието, носеле пиштоли и ги испрашувале припадниците на медиумите за кој медиум работат и ги нападнале.

По вечерашните инциденти, откако Талат Џафери беше избран за претседател на Собранието, се огласи и Министерството за внатрешни работи. Од таму соопштија дека демонстрантите од иницијативата „За Заедничка Македонија“ насилно влегле во Собранието, после што припадниците на специјалната единица влегоа во Собранието на Република Македонија и евакуирале 30 пратеници.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın