Балкан

Попоски на Министерски состанок во Вашингтон

Попоски ќе учествува на состанокот на министри за надворешни работи на земјите-членки на глобалната коалиција за борба против ДЕАШ, кој се одржува денес, во Стејт Департментот во Вашингтон

Admir Fazlagic  | 22.03.2017 - Обновена : 22.03.2017
Попоски на Министерски состанок во Вашингтон

Skopje

СКОПЈЕ (АА) - Министерот за надворешни работи на Македонија, Никола Попоски, ќе учествува на состанокот на министри за надворешни работи на земјите-членки на глобалната коалиција за борба против ДЕАШ, кој се одржува денес, во Стејт Департментот во Вашингтон, пренесува Anadolu Agency (AA).

Според соопштението на Министерството за надворешни работи на Македонија, Попоски на овој состанок учествува на покана од Државниот секретар на Соединетите Американски Држави, Рекс Тилерсон.

Како што се соопштува, министерскиот состанок има за цел да се поттикне интензивирањето на меѓународните напори во борбата против ДЕАШ во одделни области во Ирак и во Сирија кои сѐ уште се под нивна окупација, како и да се зголеми притисокот и да се ограничи нејзината мрежа на функционирање.

Во рамките на посетата, министерот Попоски ќе оствари и повеќе билатерални средби.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.