Балкан

Претседателот Иванов се состана со американскиот амбасадор Бејли

„Претседателот Иванов изрази очекување дека ќе продолжи американската поддршка и ангажман во однос на надворешно политичките цели и приоритети на Република Македонија - интеграцијата во НАТО и во Европската Унија"

Admir Fazlagic  | 13.07.2017 - Обновена : 13.07.2017
Претседателот Иванов се состана со американскиот амбасадор Бејли (Foto: Kabinet na pretsedalot na Makedonija)

Skopje

СКОПЈЕ (АА) - Претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов, денеска во „Вила Билјана" во Охрид, го прими амбасадорот на Соединетите Американски Држави, Џес Бејли, пренесува Anadolu Agency (AA).

Според соопштението од кабинетот на претседателот Иванов, на средбата се разговараше за развојот на билатералните односи меѓу Република Македонија и Соединетите Американски Држави, за состојбите во врска со европската и евроатлантската перспектива на Република Македонија, како и генерално за состојбите во регионот на Југоисточна Европа.

„Претседателот Иванов изрази очекување дека ќе продолжи американската поддршка и ангажман во однос на надворешно политичките цели и приоритети на Република Македонија - интеграцијата во НАТО и во Европската Унија, унапредувањето на добрососедските односи и продлабочувањето на регионалната соработка", се вели во соопштението.

Македонскиот претседател истакна дека е неопходно да се создаде нов поттик и дополнителен импулс за членството на Република Македонија во НАТО, посочувајќи дека реализација на нашата евроатлантска интеграција ќе придонесе за долгорочен мир, стабилност, безбедност и просперитет на целиот регион.

Двајцата соговорници размениле мислења за соработката во полето на безбедноста и на одбраната, преку реализација на заеднички обуки и вежби за припадниците на АРМ и војската на САД.

Во тој контекст, било поздравено учеството на Армијата на Република Македонија на мултинационалната вежба „Сабер Гардијан 2017“, а беа разменети мислења и информации и за претстојната вежба на АРМ и армијата на САД во Европа, „Драгон Рајд“ која ќе се одржи од 28 јули до 8 август, на воениот полигон Криволак, информират од кабинетот на претседателот Иванов.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.