Балкан

Претседателот Иванов упати порака по повод месец Рамазан

„Солидарноста и милосрдието се заеднички вредности на кои нè учат религиите. Но, добрината, милоста и споделувањето се човечки доблести кон кои треба да се стремиме", истакнува претседателот Иванов во рамазанската честитка

Admir Fazlagic  | 27.05.2017 - Обновена : 28.05.2017
Претседателот Иванов упати порака по повод месец Рамазан (Foto:Arhiva/AA)

Skopje

СКОПЈЕ (АА) - Претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов, по повод почетокот на рамазанските пости, упати честитка до поглаварот на Исламската верска заедница во Република Македонија, Реис-ул-улема Сулејман ефенди Реџепи, до членовите на Ријасетот и до сите припадници на исламската вероисповед во Република Македонија, пренесува Anadolu Agency (AA).

„Во исламот, Рамазан е светиот месец кога се слави духовното и телесното прочистување. За муслиманските верници започнува постот преку покајание и молитва за поклонение пред Бога. Учењата велат дека помагајќи ги сиромавите и изнемоштените, верниците се надеваат на милост и простување на гревовите пред портите на рајот, за себе и за своите блиски", вели претседателот Иванов во честитката.

„Солидарноста и милосрдието се заеднички вредности на кои нè учат религиите. Но, добрината, милоста и споделувањето се човечки доблести кон кои треба да се стремиме. Во духот на празникот, Ви посакувам лесни рамазански пости. На сите припадници на исламската вероисповед во земјава им посакувам мир, благосостојба, љубов и простување", истакнува претседателот Иванов во рамазанската честитка.


На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.