спорт, Балкан

Пријателски натпревар меѓу фудбалските ветерани на Галатасарај и Македонија

По повод годишнина на обидот за државен удар на 15 јули во Турција, вечерва во Гостивар се одржа пријателски фудбалски натпревар меѓу фудбалските ветерани на Галатасарај и на македонскиот фудбал

Furkan Abdula  | 16.07.2017 - Обновена : 17.07.2017
Пријателски натпревар меѓу фудбалските ветерани на Галатасарај и Македонија Besar Ademi/AA

Gostivar

ГОСТИВАР (АА) - Во рамките на активностите организирани по повод годишнина на обидот за државен удар на 15 јули во Турција, вечерва во Гостивар се одржа пријателски фудбалски натпревар меѓу фудбалските ветерани на турскиот клуб Галатасарај и ветераните на македонскиот фудбал, јавува Anadolu Agency (AA).

На фудбалскиот натпревар организиран од страна на Здружението Улстраслан Македонија, беа присутни министерот без ресор во Владата на Република Македонија, Аднан Ќахил, амбасадорката на Турција во Скопје, Тулин Еркал Кара, претставници на турските институции и здруженија во земјтата, и голем број љубители на фудбалот.

Пред мечот се одржа едноминутен молк за хероите загинати на 15 јули, и се рецитираа химните на двете земји.

Амбасадрката Кара во своето обраќање истакна дека тука се за да го следат овој пријателски натпревар и додаде дека од една страна тагуваат, а од друга страна ја слават победата на демократијата.

„Дојдете сите заедно да му кажеме НЕ на тероризмот. Се надевам дека Бог нема повтрно да даде да искусиме таков тежок ден. Сакам да истакнам дека додека сте вие тука, со Божја дозвола, нашата татковина ќе стои на свои нозе“ истакна Кара.

Таа потсети дека Турција помина од еден тежок испит на 15 јули. Таа им посака среќа на двете екипи на натпреварот.

Од друга страна, претседателот на Здружението „Ултраслан Македонија“, Сезер Пурде, нагласи дека Турците во Македонија секогаш ја поддржувале Турција.

„Целосно веруваме дека оваа ноќ која ја организиравме за да го консолидираме нашето единство и заедништво, во иднина ќе продолжи“, додаде Пурде.

Потоа се одигра мечот меѓу ветераните на Галатасарај и ветераните на македонскиот фудбал. Учесниците имаа можност да следат еден пријатен натпревар.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.