политика, Балкан

Продолжуваат протестите пред Собранието, се држат за заложници припадници на медиумите

Продолжуваат протестите пред Собранието на Македонија, се држат како заложници и се напаѓаат припадниците на медиумите

27.04.2017 - Обновена : 28.04.2017
Продолжуваат протестите пред Собранието, се држат за заложници припадници на медиумите

Skopje

СКОПЈЕ (АА) – Сè уште продолжуваат демонстрациите на поддржувачите на ВМРО-ДПМНЕ кои започнаа откако беше избран претседателот на Собранието на Македонија, јавува Anadolu Agency (AA).

Група маскирани лица кои по започнување на протестите влегоа во Собранието, ги зеле како заложници некои пратеници и ги нападнале. Неколку припадници на медиумите, меѓу кои и камерманот на АА, се задржани како заложници во зградата на Собранието.

Камераманот на АА преку телефонски разговор пренесе дека групата маскирани луѓе нападнале двајца припадници на медиумите. Тој вели дека групата ги прашала припадниците на медиумите за кој медиум работат, и дека некои припадници на медиумите се нападнати и повредени.

Тој додаде дека неколку лица се наоѓаат во една соба во Собранието и го изгаснале светлото како и тоа дека моменталната ситуација е добра, а слушале и плач.

Според соопштеното, лицата биле пренесени од една соба во друга од страна на групата маскирани лица, и дека меѓу нив се наоѓаат и припадници на медиумите. 

Од друга страна, по овие случувања, претседателот Ѓорѓе Иванов најави прес-конференција. 

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın