Балкан

Протест во Скопје, демонстрантите бараат расчистување на судските случаи

Организаторите на протестот побараа повторно судење на случаите, кои според нив се „фабрикувани пресуди врз основа на скриени и измислени сведоци”

Besar Ademi  | 23.02.2018 - Обновена : 24.02.2018
Протест во Скопје, демонстрантите бараат расчистување на судските случаи (Foto: Besar Ademi/AA)

Skopje

СКОПЈЕ (АА) - На иницијатива на Здружението на албански политички затвореници во Македонија и роднините на обвинетите во случајот „Дива Населба", десетици албански граѓани се собраа на плоштадот „Скендербег” во Скопје, со цел да го изразат својот револт против судските процеси кои според нив се монтирани и фабрикувани, а во кои се изречени казни на албански државјани, јавува Anadolu Agency (АА).

Организаторите, кои се собраа под мотото „Вистината на виделина, во затвор лежат невини луѓе-родители”, побараа повторно судење на случаите, кои според нив се „фабрикувани пресуди врз основа на скриени и измислени сведоци, како и против десетина процедурални прекршоци во донесувањето на доживотна казна на десетици Албанци”.

Според Шпетим Положани, претставник на Здружението на албански политички затвореници, „судовите во државата се корумпирани". Тој нагласи дека тие бараат повторно судење на случаите, а во исто време судот треба да ги сослуша сведоците предложени од одбраната.

Положани истакна дека протестираат и против суровите услови во затворите, каде, како што рече, освен недостатокот на основни услови за живот, преовладува и корупција, односно затворениците плаќаат за да преживеат.

„Апелираме до Министерството за правда и институциите кои го финансираат подобрувањето на условите во затворите, меѓународните институции, да се спречи корупцијата во затвор и институциите да се справат со амнестија, помилување, намалување на казната, условна казна, и повторување на судскиот процес", рече Положани.

По говорите на некои од организаторите и учесниците во протестот, демонстрантите се упатија пред зградата на Апелациониот суд Скопје. Протестот заврши мирно по неколкуминутно протестирање пред зградата на Апелациониот суд.

Слични протести беа исто така организиранина крајот на минатата година, кога демонстрантите бараа повторување на случајот „Дива Населба”, за кој тие веруваат дека е одлуката е „политички монтирана.

На почетокот на ноември оваа година Кривичниот суд во Скопје ја изрече пресудата за 37 обвинети од оружената група за настаните во 2015 година во кумановската „Дива Населба“. Осуммина обвинети се осудени на доживотен затвор, четворица беа пуштени на слобода, додека на дел од останатите обвинети им беа изречени казни од 12 до 40 години затвор. Обвинетите беа осудени за кривичните дела „терористичко здружување“ и „тероризам“.

Шеснаесетмина од обвинетите за кривичните дела „терористичко здружување“ и „тероризам“, се државјани на Косово, еден на Албанија, еден на Германија, додека другите се Албанци од Македонија.

Потсетуваме, на 9 и 10 мај 2015 година, во „Дива Населба“ во Куманово, оружена група се судри со безбедносните сили на Македонија. За време на судирот беа убиени осум полицајци од специјалните единици на Министерството за внатрешни работи, а 40 беа повредени. Во судирот исто така, беа убиени и 10 припадници на оружената група.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.