Балкан

Рама: На мапата на НАТО недостасуваат Македонија и Косово

Премиерот на Албанија за време на неговиот говор на церемонијата на отварање на состанокот на Воениот комитет на НАТО нагласи дека на мапата на НАТО недстасуваат Македонија, Косово, Србија и Босна и Херцеговина

Fatjon Cuka  | 16.09.2017 - Обновена : 17.09.2017
Рама: На мапата на НАТО недостасуваат Македонија и Косово

Albania

ТИРАНА (АА) - Премиерот на Албанија Еди Рама за време на неговиот говор на церемонијата на отварање на состанокот на Воениот комитет на НАТО, кој се одржува во албанскиот главен град Тирана истакна дека како земја членка на НАТО, Албанија не треба да ги зема в предвид само придобивките, туку и одговорностите кои произлегуваат од членството во Алијансата, јавува Anadolu Agency (AA).

Во текот на неговиот говор на состанокот на кој учествуваче и началникот на Генералштабот на Армијата на Турција, Хулуси Акар, Рама се осврна на неопходноста на членството на Косово и Македонија во НАТО, но и на другите земји во регионот.

Исто така, тој подлвече дека и во иднина вооружените сили на Албанија ќе придонесат во реализација на обврските на НАТО.

„Една од важните одговорности на Албанија во НАТО е нејзината грижа за давање придонес за историски чувствителниот регион и проблематиката на Балканот да се претворат во регион на мирот, демократијата, стабилноста и просперитетот. Со зачленување на Црна Гора во НАТО, нешто што Албанија го поддржуваше од самиот почеток, нашата алијанска освен Атлантичка стана и Адријатичка“, рече Рама.

Премиерот на Албанија нагласи дека на мапата на НАТО недстасуваат Македонија, Косово, Србија и Босна и Херцеговина, и додаде: „Оваа зона која сеуште не е вклучена претставува фактор на стратешка неизвесност за нашата Алијанса. Албанија има интерес, но има и особена одговорност за овој дел на регионот и нашиот континент да се претвори во еден фактор на одржливост и просперитет. Во исполнување на оваа одговорност и како земја-членка на НАТО ние се обидовме и постигнавуме многу во еден процес кој продолжува.“

Исто така, премиерот Рама истакна дека поддржување на некои процеси, почнувајќи од процесот на консолидација на демократијата во Косово, на поттикнување на евроатлантските политики на Македонија, како и нормализирање на односите со Србија, се некои од главнте насоки во кои е фокусирана надворешната политика на Албанија.

Потсетуваме, началниците на ГШ на земјите-членки на НАТО вчера пристигнаа во Албанија, каде беа пречекани со официјална церемонија организирана во Бригадната палата во Тирана, во рамките на состанокот на Воениот комитет на НАТО кој се одржува од 15-17 септември.

Денес тие продолжуваат со состанокот на Воениот комитет на НАТО, каде ќе се дискутира околу безбедносната состојба во регионот на Западен Балкан и ќе се дадат препораки за продолжувањето на мисијата „Решителна поддршка“ во Авганистан и КФОР во Косово.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın