Балкан

Сараево бизнис форум: Еден од најзначајните настани во Југоисточна Европа

СБФ, чиј глобален комуникациски партнер е Anadolu Agency (AA), е еден од најголемите и најважните деловни и инвестициски настани за југоисточна Европа

Vesna Besic  | 22.05.2017 - Обновена : 22.05.2017
Сараево бизнис форум: Еден од најзначајните настани во Југоисточна Европа AA/Samir Jordamović

Saraevo

САРАЕВО (АА) - Во присуство на голем број официјални лица и деловни луѓе од региониот и од светот, во Сараево започна осмата меѓународна инвестициска конференција Сараево бизнис форум 2017, јавува Anadolu Agency (AA).

Традиционално, осмата година СБФ го организира Bosna Bank International (BBI) (Босна банк интернационал), во соработка со Исламската развојна банка (IDB).

Учесниците на СБФ, на отворањето ги поздрави директорот на Bosna Bank International (BBI), Амер Буквиќ, кој изрази благодарност до Претседателството на БиХ, покровител на овогодишниот СБФ.

СБФ е препознат како еден од најзначајните деловни и инвестициски настани на Југоисточна Европа, кој за првпат е одржан во 2010 година, во соработка со нашиот партнер Исламската развојна банка“, појасни Буквиќ на отворањето на овогодишниот Сараево бизнис форум.

Тој им се заблагодари за присуството и континуираната поддршка и им посака добредојде на шеикот Ахмед бин Сајед Ал Мактум и на Мухамед Aл Шабани.

Буквиќ изрази задоволство поради можноста да биде домаќин на претставниците од владите и бизнисмените од голем број земји од регионот и од светот.

„Воспоставивме вистинска јавно-приватна соработка во организација на СБФ и се надеваме дека ќе ја продолжиме и во наредните години. Довербата е срцето на секој бизнис. Таа е во срцето на овогодишната тема, поврзувањето на Истокот и Западот. Како што нашиот регион се приближува кон Западот, нашите глобални партнери можат да изградат трговски патишта што имаат вредност тука и пошироко“, истакна Буквиќ.

Како што тој изјави, на овогодишниот СБФ ќе се разговара за енергетика, инфраструктура, образование, секторот на информациони технологии (ИТ), туризам, трговија и земјоделство.

„Ме инспирира учеството на меѓународните и регионалните лидери, како и многу влијателни личности од заедницата на светски инвеститори. Тука сме да веруваме дека бизнисот и духот на отвореноста можат да го преобразат регионот и неговиот народ“, изјави Бандар M. Х. Хаџар, претседател на Исламската развојна банка.

Првиот ден на СБФ ќе бидат одржани два панела „One Region, One Economy - Connectivity and Potential" и „Southeast Europe - Bridging the East and West“, на кои ќе зборуваат голем број угледни гости од БиХ, регионот и од светот. 

На вториот ден од СБФ, вторник, 23. мај, ќе бидат одржани панел-дискусиите „East Asia and Southeastern Europe: Current Opportunities and Future Potential“, „Central/Western Asia and Southeastern Europe: How to Strengthen Business Realationship“, „The European Perspective: Prospects for SEE Modernization and Hamronization with the EU“ и „Dubai Session: Sharing Experience with SEE“.

Исто така, на првиот ден од СБФ ќе биде одржана паралелна сесија „Dubai Islamic Economy Roundtable“, на вториот ден ќе биде организирана и тркалезна маса „Indonesia/Bosnia and Herzegovina business roundtable“.

Оваа инвестициска конференција стана глобална платформа за промоција на проекти и бизнис потенцијали, анализа и подготовка на проекти, и соодветно претставување на стопанските потенцијали, како и за поврзување на претприемачите и инвеститорите на индивидуално и институционално ниво.

СБФ, чиј глобален комуникациски партнер е Anadolu Agency (AA), е еден од најголемите и најважните деловни и инвестициски настани за југоисточна Европа.

И оваа година се очекуваат повеќе од илјада водечки инвеститори и деловни луѓе од целиот свет, истакнати државници и претставници на медиумите.








На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın