Балкан

Се очекува Ердоган во мај да ја посети Македонија

Турскиот претседател, Реџеп Таип Ердоган, на поканата на неговиот македонски колега, Ѓорѓе Иванов, истакна дека доколку има соодветна програма, во мај ќе ја посети Македонија

Ekip  | 20.02.2018 - Обновена : 21.02.2018
Се очекува Ердоган во мај да ја посети Македонија

Ankara

АНКАРА (АА) – Турскиот претседател, Реџеп Таип Ердоган, на поканата на неговиот македонски колега, Ѓорѓе Иванов, истакна дека доколку има соодветна програма, во мај ќе ја посети Македонија, јавува Anadolu Agency (AA).

Претседателите Ердоган и Иванов по средбата одржана во претседателскиот комплекс во Анкара, одржаа заедничка прес конференција.

Претседателот Ердоган како одговор на поканата на неговиот македонски колега Иванов, рече дека доколку неговата програма биде соодветна, во мај ќе се реализира возвратна посета на Македонија.

Турскиот претседател Ердоган нагласи дека зачувувањето на спокојството и мирот во Македонија која е огледало на Балканот, претставува многу значаен пример за регионот.


На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.