Балкан

СИПА уапси македонски државјанин за кој е распишана меѓународна потерница

Станува збор за државјанин на Република Македонија, за кој НЦБ Интерпол Скопје распиша меѓународна потерница за извршување на пресудата од Основниот суд Струмица

Senita Şeherçehayiç  | 08.12.2017 - Обновена : 10.12.2017
СИПА уапси македонски државјанин за кој е распишана меѓународна потерница

Sarajevo

САРАЕВО (АА) - Полициските власти на Државната агенција за истраги и заштита (СИПА), на 5 декември, во областа на источно Сараево приведе лице барано по меѓународна потерница, јавува Anadolu Agency (AA).

Станува збор за државјанин на Република Македонија, за кој НЦБ Интерпол Скопје распиша меѓународна потерница за извршување на пресудата од Основниот суд Струмица, изречена за кривично дело насилно однесување и лажно пријавување, односно за издржување на казната затвор за период од пет години и осум месеци.

„Откако добиле информации дека лицето се наоѓа во миграцискиот центар на Службата за европски прашања со странци во источно Сараево, и по обавувањето службен разговор и направените дополнителни проверки со цел да се потврди идентитетот на осомничениот, полициските службеници на СИПА го уапсиле лицето. Потоа, тој беше притворен во просториите на СИПА, поради кривична истрага, а следниот ден, во согласност со договорот, предаден е во надлежност на судот“, соопштија од СИПА.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın