Балкан

Скопје одбележува 54 години од катастрофалниот земјотрес

Со низа информативни, едукативни и културни активности и манифестации денеска во Скопје се одбележува 54 години од катастрофалниот земјотрес во 1963 година, во кој 1.070 луѓе го загубија животот, а 3.000 беа повредени

Admir Fazlagic  | 26.07.2017 - Обновена : 26.07.2017
Скопје одбележува 54 години од катастрофалниот земјотрес (Foto: Arhiva/AA)

Skopje

СКОПЈЕ (АА) - Со низа информативни, едукативни и културни активности и манифестации денеска во Скопје се одбележува 54 години од катастрофалниот земјотрес во 1963 година, во кој 1.070 луѓе го загубија животот, а 3.000 беа повредени, јавува Anadolu Agency (AA).

Во рамките на одбележувањето, официјални делегации и претставници на институции денеска ќе положат цвеќе на Градските гробишта во Бутел, пред Споменикот на жртвите од катастрофалниот земјотрес. Традиционалната крводарителска акција „За Скопје со љубов. Дарувај крв - биди хуман“ ќе се спроведува од 9 до 17 часот во Домот на хуманитарни организации „Даре Џамбаз“. Организатори се Црвениот крст на Град Скопје и Институтот за трансфузиона медицина.

Градоначалникот на Град Скопје Коце Трајановски и секретарот на Црвениот крст на Град Скопје Сузана Пауновска ќе присуствуваат на проширениот капацитет на Пунктот за бездомници - Момин Поток.

Градоначалникот Трајановски вечер во Музејот на Град Скопје, со почеток во 20 часот ќе ги отвори изложбите „Скопје – архиТРАНСформа“: „Архибелези“ на архитектите Јасминка и Екатерина Намичеви и „Concrete мemories“, фотографии на Матијас Шуман, Дрезден, Германија.

На изложбата „АрхиТРАНСформа-Аrchiбелези“ од архитектите Јасминка и Екатерина Намичеви, преку презентирани архивски документи, фотографии и реконструкции на градбите е направен преглед на училишните објекти во Скопје, изградени во периодот меѓу двете светски војни (1918-1941година).

Под мотото „Скопје го слави животот“ на 26 јули од 21 часот на плоштадот „Македонија“ ќе настапи Биг Бендот на Македонската радио и телевизија (МРТ), како и различни други музичари и уметници.

Скопјани и сите посетители ќе имаат можност да слушнат голем број македонски композиции кои низ децениите се пееле и свиреле во Скопје или кои асоцираат на Скопје.

Во Младинскиот културен центар во рамки на годинашното одбележување на денот на катастрофалниот скопски земјотрес ќе има повеќе активности. Од 20 часот ќе биде претставен избор од програмите на европските престолнини на културата: Монс, Белгија 2015, Плзен, Чешка 2015, Сан Себастијан 2016.

Во МКЦ со почеток во 20 часот ќе биде отворена и изложбата на еден од основоположниците на македонскиот современ ликовен израз Димитар Аврамовски Пандилов, кој загина трагично во 1963 година. Ќе бидат претставени дел од неговите дела, кои досега никогаш не биле изложувани (четириесет и пет акварели и пет цртежи). екој 26 јули да изложува досега никогаш изложувани дела од Пандилов.

Катастрофалниот земјотрес се случи на 26 јули 1963 година во пет часот и 17 минити, а помали потреси имаше до пет часот и 43 минути. Скопскиот земјотрес се почувствува на простор од околу 50.000 квадратни километри. Од потресот беа урнати 15.800 станови, а оштетени беа 28.000. Над 200.000 луѓе остана без покрив над глава.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.