Балкан

Скопје: Панел-дискусија за транспарентноста на парламентите од Западен Балкан

Панел-дискусијата со регионален карактер е втор настан за претставување во рамките на проектот „ACTION SEE“, како и прва официјална презентација на насоките што ги подготви проектниот конзорциум

Besar Ademi  | 19.07.2017 - Обновена : 20.07.2017
Скопје: Панел-дискусија за транспарентноста на парламентите од Западен Балкан

Skopje

СКОПЈЕ (АА) - Во Собранието на Република Македонија се одржа панел-дискусија за транспарентноста на законодавните домови на Западен Балкан, каде што беа претставени насоките на секоја земја како прв чекор кон поголема област за претставување, која ќе промовира транспарентност и добро владеење, јавува Anadolu Agency (AA).

Панел-дискусијата со регионален карактер е втор настан за претставување во рамките на проектот „ACTION SEE“, како и прва официјална презентација на насоките што ги подготви проектниот конзорциум. Насоките беа претставени од страна на секој проектен партнер од шест земји на Западен Балкан.

Дискусијата ја отвори претседателот на Собранието на Македонија, Талат Џафер, кој нагласи дека ваквите активности ставаат многу поквалитетен инпут во процесите на соработка, како меѓу институциите во регионот, така и меѓу невладиниот сектор. Тој додаде дека не можеме да зборуваме за парламентарна демократија ако немаме праведно владеење, правна функционална држава, транспарентност, одговорност, како и без учество на невладиниот сектор, експертската јавност и граѓанинот како поединец.

Потсетувајќи дека во последните две години, македонската држава и општеството се наоѓаа во една сериозна политичка криза, претседателот на Собранието, Талат Џафери, истакна дека во ваквите кризи со каква што се соочи Македонија, првата жртва е вистината и принципите на парламентарната демократија.

„Моменталното парламентарно мнозинство наскоро ќе одбележи 100 работни дена од неговото функционирање. Сакам да истакнам дека ова парламентарно мнозинство, заедно со мене како прв меѓу еднаквите, почнувајќи од моите уставни права и обврски пропишани со закон, искрено и со одговорност работам на враќање на парламентарната демократија во Собранието како институција“, рече Џафери.

Според него, реализирањето на транспарентноста и одговорноста најмногу зависи од политичката волја и од одговорноста на парламентарното мнозинство и опозицијата, како и од активностите на невладиниот сектор и нивото на политичка култура што владее во општеството.

Покрај претставниците од цивилните организации во регионот кои се дел од проектот, на панел-дискусијата учествуваа и пратеници од собранијата во регионот и од Македонија, од цивилните организации кои работат на активностите поврзани со Собранието, како и претставници на меѓународните организации и амбасади во Македонија.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın