Балкан

Скопје: Се одржа пригодно сеќавање на шехидите од „15 јули"

Мурат Алкан, советник за верски прашања при амбасадата на Турција во Скопје, во својата изјава за новинарите, рече дека обидот за државен удар од страна на ФЕТО беше спречен благодарение на луѓето коишто ја сакаат татковината

Admir Fazlagikj  | 14.07.2017 - Обновена : 16.07.2017
Скопје: Се одржа пригодно сеќавање на шехидите од „15 јули"

Üsküp

СКОПЈЕ (АА) - По повод годишнината од обидот за државен удар во Република Турција кој минатата година го изврши терористичката организација ФЕТО на 15 јули, вечерва во Мустафа пашината џамија, се одржа пригодно сеќавање на шехидите кои своите животи ги изгубија во овој немил настан, јавува Anadolu Agency (AA).

На вечерашната програма, присуствуваа министерот без ресор во Владата на Република Македонија Аднан Ќахил и амбасадорката на Република Турција во Скопје Тулин Еркал Кара, како и голем врој граѓани.

Програмата започна со читање Куран од страна на Јашар Чухадар, Неби Јашар и Мустафа Алтин. Во рамките на програмата се прочита и мевљут (историја на животот на пратеникот Мухамед) , каде присуствуваа голем број верници кои дојдоа со цел да оддадат почит на жртвите од неусшениот обид за државен удар во Турција.

Мурат Алкан, советник за верски прашања при амбасадата на Турција во Скопје, во својата изјава за новинарите, рече дека обидот за државен удар од страна на ФЕТО беше спречен благодарение на луѓето коишто ја сакаат татковината.

Тој посочи дека организираат ваква програма во чест на шехидите и ветераните од обидот за државен удар. Додаде дека на настанот присуствуваа граѓани од сите слоеви на општеството во знак на изразување на љубов и почит кон Турција.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.