Балкан

Словенија и Чешка ги поддржуваат евроатлнатските аспирации на Македонија

„Во априлскиот извештај на ЕК за напредокот на Република Македонија а потоа на релевантните состаноци на Советот на ЕУ во јуни да биде донесена одлука за почеток на пристапните преговори“, рече Димовски

Bekim Laci  | 13.02.2018 - Обновена : 14.02.2018
Словенија и Чешка ги поддржуваат евроатлнатските аспирации на Македонија (Foto: Bekim Laci / AA)

Skopje

СКОПЈЕ (АА) - Државниот секретар во Министерството за надворешни работи на Македонија, Виктор Димовски, денеска ги пречека на средба заменик министерот за европски прашања во Министерството за надворешни работи на Чешка, Јакуб Дур, и државниот секретар во Министерството за надворешни работи на Словенија, Изток Мирошич, кои укажаа на евроатлантските аспирации на Македонија, јавува Anadolu Agency (AA).

Посетата на двајцата дипломати во Скопје, една недела по објавувањето на Стратегијата на Европската комисија се перцептира како една јасна порака за поддршка и поттикнување на Македонија од страна на Словенија и Република Чешка, истакна по средбата Димовски, и додаде дека пред се посетата е признавање за направените работи од страна на владата.

„Очекуваме безусловна препорака за почеток на пристапните преговори. Во априлскиот извештај на ЕК за напредокот на Република Македонија а потоа на релевантните состаноци на Советот на ЕУ во јуни да биде донесена одлука за почеток на пристапните преговори“, рече Димовски, кој нагласи дека гостите ги информирал за динамиката на реформита во судството, во разузнавачките служби, и во областа на доброто владеење и јавната администрација, како и во добрососедските односи.

Државниот секретар во Министерството за надворешни работи на Словенија, Изток Мирошич истакна дека како претставници на Словенија и Чешка тука се наоѓааат за да ја испратат пораката дека Македонија е на добар пат кон ЕУ и дека напорите на владата на оваа земја во последниот месец за спроведување на реформите не биле незабележливи.

„Тука сме за да и дадеме поддршка на Македонија за да продолжи на овој пат, бидејќи ние ќе и помогнеме на Македонија толку колку што ќе има потреба, бидејќи доаѓаме во еден многу важен момент, кога проширувањето е повторно во агендата на Европската унија“, нагласи Мирошич, и потсети на Стратегијата објавена од страна на Европската комисија, во која јасно се наведува дека интеграцијата во ЕУ зависи исклучиво од нивото на спроведување на реформите.

Заменик министерот за европски прашања во Министерството за надворешни работи на Чешка, Јакуб Дур, рече дека тука се наоѓаат за да и дадат поддршка на владата во напорите за членство во ЕУ.

„Република Чешка и Словенија ја поддржуваат Македонија, затоа ние дојдовме со позитивни пораки. Претходно се објави Стратегијата, но пред нас имаме низа активности со долги преговори, но не треба да се заборави на Извештајот на Европската комисиа за унапредување на земјите, а потсетуваме дека пред нас е и самитот на ЕУ во Софија, на кој посакувам во фокус на тоа што ќе се разговара, да бидат позитивните чекори кои ги презеде Македонија“, додаде Дур.

Дур истакна дека владата на Македонија направила многу работи, но, како што рече тој, патот е многу долг, поттикнувајќи ги властите да продолжат со позитивни работи како што беше договорот со Бугарија.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın