Балкан

Словенија има најниска, а БиХ најголема стапка на невработеност во регионот

Невработеноста се зголемува во некои земји во регионот, додека во други се намалува. Освен во Словенија, во сите други земји од регионот има стапка на невработеност поголема од 10 отсто

Nazmi Abduramani, Malik Hasa, Sibel Vezaj  | 18.01.2017 - Обновена : 19.01.2017
Словенија има најниска, а БиХ најголема стапка на невработеност во регионот

Skopje

СКОПЈЕ (АА) - Невработеноста се зголемува во некои земји во регионот, додека во други се намалува. Освен во Словенија, во сите други земји од регионот има стапка на невработеност поголема од 10 отсто, јавува Anadolu Agency (AA).

Државниот завод за статистика на Македонија за третиот квартал на минатата година објави податоци дека стапката на невработеност е 23,4 отсто, додека во однос на вториот квартал покажа намалување од 0,6 отсто.

Според Албанскиот институт за статистика (ИНСТАТ), во третиот квартал од 2016 година, официјалната стапка на невработеноста во Албанија изнесуваше 14,7 отсто. Во споредба со вториот квартал од 2016 година, официјалната стапка на невработеност се намалила за 0,8 отсто.

Од друга страна, според Агенцијата за статистика на Косово, стапката на невработеност во Косово е 26 отсто. Според Анкетата на работната сила (АРС) на оваа Агенцијата за вториот квартал на 2016 година, најизразена стапка од 51 отсто невработеност има кај возрасната група од 15 до 24 години.

Во споредба со 2015 година, кога според резултатите од АРС стапката на невработеност во Косово изнесувала околу 33 отсто, може да се каже дека има намалување на невработеноста во земјата.

Со евидентирање на 7,3 отсто, според податоците од минатата година, Словенија ја има најниската стапка на невработеност во регионот, додека најновите податоци покажуваат дека полошо рангирана е Босна и Херцеговина со 27,5 отсто регистрирани невработени лица.

Стапката на невработеност од третиот квартал минатата година во Хрватска изнесуваше 12,1 отсто, стапката во Србија во третиот квартал од минатата година изнесуваше 13,8 отсто, а во Црна Гора 16,9 отсто.

Доколку се споредат прикажаните податоци за стапката на невработеност на земјите во регионот може да се заклучи дека најниска стапка на невработеност има Словенија (7,3) , после неа следуваат Хвратска (12,1), Србија (13,8), Албанија (14,7), Црна Гора (16,9), Македонија (23,4), Косово (26), а најголема стапка на невработеност има во БиХ (27,5).

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.