Балкан

Словенија: Слаба излезност на претседателските избори, според резултатите води Пахор

Словенечката Државна изборна комисија соопшти дека од 1.713.744 гласачи, граѓанското право го оствариле само 565.290

Alma Çekovic  | 22.10.2017 - Обновена : 22.10.2017
Словенија: Слаба излезност на претседателските избори, според резултатите води Пахор Ales Beno/АА

Ljubljana

ЉУБЉАНА (АА) - Во Словенија, во 19 часот беа затворени гласачките места на претседателските избори, шести по добивањето независност, на коишто гласаа само 33 отсто од гласачите, јавува Anadolu Agency (AA).

Словенечката Државна изборна комисија соопшти дека од 1.713.744 гласачи, граѓанското право го оствариле само 565.290.

Најголема излезност е забележана во Крањ (35,06 отсто), а најмал одѕив има во Марибор (28,46).

Според прелиминарните резултати од Државната изборна комисија и врз основа на 9.49 отсто избројани гласачки ливчиња, актуелниот претседател на Република Словенија, Борут Пахор, и јасен фаворит на изборите, освои 45,86 отсто од гласовите. На второ место е Марјан Шарец со 25,8 отсто од гласовите, а трета е Романа Томц со 14,1 отсто од гласовите. Следи Људмила Новак (7 проценти), потоа Маја Маковец Бренчич (1.9), Андреј Шишко (1,9 проценти), Борис Поповиќ (1.6), Сузан Лара Краузе (0.8) и Ангела Ликович (0.6 ).

Според најавите, околу 22 часот ќе се знае кој има освоено најголем број гласови и дали за две недели ќе биде потребен втор круг, планиран за 12 ноември.

Претседателот на Република Словенија е највисок политички претставник на државата, кој ја претставува земјата и командува за нејзините одбранбени сили. Актуелен претседател е Борут Пахор, а досега функцијата претседател ја извршувале Милан Кучан (два мандата), Јанез Дрновшек и Данило Тирк.


На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın