Балкан

Спасовски се состана со министерот за безбедност на БиХ

„Освен тоа на билатералната средба се разговараше и за можноста за потпишување на договор помеѓу Република Македонија и Босна и Херцеговина за патување со лични карти за граѓаните", се вели во соопштението

Admir Fazlagic  | 23.07.2017 - Обновена : 24.07.2017
Спасовски се состана со министерот за безбедност на БиХ (Foto: Ministerstvo za vnatresni raboti na Makedonija)

Skopje

СКОПЈЕ (АА) - Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, како дел од владината делегација предводена од премиерот на Република Македонија Зоран Заев, денеска во Сараево, оствари средба со министерот за безбедност на Босна и Херцеговина Драган Мектиќ, пренесува Anadolu Agency (AA).

Според соопштението од Министерството за внатрешни работи на Република Македонија на билатералната средба министрите ја истакнаа успешната и континуирана соработка во областа на внатрешните работи на двете земји, како и потребата од развивање на регионална соработка на полето на организираниот криминал.

„Освен тоа на билатералната средба се разговараше и за можноста за потпишување на договор помеѓу Република Македонија и Босна и Херцеговина за патување со лични карти за граѓаните. Министрите исто така ја потврдија и подготвеноста на двете страни за потпишување на договор за взаемно признавање на возачките дозволи кое е договорено за средината на септември годинава, кога ќе се реализира наредната посета на Министерот Спасовски на Босна и Херцеговина", се вели во соопштението.

Делегацијата на Владата на Република Македонија предводена од премиерот Зоран Заев, престојува во Босна и Херцеговина каде оствари низа билатерални средби со државниот врв на оваа држава.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.