Балкан

Србија и Македонија треба да ги зајакнат економските врски

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ денес во Белград се состана со претседателот на Македонија, Ѓорѓе Иванов, со кој разговараше за односите на двете земји, ситуацијата во регионот и европските интеграции

Kemal Zorlak  | 24.06.2017 - Обновена : 25.06.2017
Србија и Македонија треба да ги зајакнат економските врски ( Фото: Кабинет на претседателот на Србија )

Belgrade

БЕЛГРАД (АА) - Претседателот на Србија, Александар Вучиќ денес во Белград се состана со претседателот на Македонија, Ѓорѓе Иванов, со кој разговараше за односите на двете земји, ситуацијата во регионот и европските интеграции, јавува Anadolu Agency (AA).

Вучиќ се заблагодари на македонскиот колега што со присуството на свечената церемонија во Белград ги потврдил добрите односи на двете земји и ја нагласи важноста на што почестите средби на високо ниво кои придонесуваат за релаксирање на односите на двата народи, се соопштува од Службата за односи со медиумите на претседателот на Србија.

Тој истакна дека е неопходно да се зајакне и трговската размена на двете земји, како и економските врски, соработка во културата и спортот.

Иванов нагласи дека за Македонија, Србија е важен трговски партнер и дека би било значајно да се разгледа соработката на енергетско поврзување, но и унапредување на патниот и железнички сообраќај, користејќи ја притоа и можностите кои ги пружа форматот „Kina Cieza" (Кина и земјите на средна и источна Европа).

На состанокот присуствуваше и министерот за надворешни работи на Македонија, Никола Димитров, кој на претседат елот на Србија, Александар Вучиќ, му ги пренесе честитките од македонскиот премиер Зоран Заев и македонската влада.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.