Балкан

Средба Заев-Хан: Прецизиран документ за итните реформски приоритети

Хан по средбата со Заев присуствуваше и на тематската седница посветена на итните реформски приоритети за евро-атланските интеграции, на која што бил прецизиран документот за итните реформи кои треба да се спроведат

Ivana Ramadanova  | 26.06.2017 - Обновена : 27.06.2017
Средба Заев-Хан: Прецизиран документ за итните реформски приоритети (Foto: Ivana Ramadanova/AA)

Skopje

СКОПЈЕ (АА) - Еврокомесарот за соседска политика и проширување на Европската унија, Јоханес Хан, денеска оствари средба со претседателот на Владата на Република Македонија Зоран Заев, јавува Anadolu Agency (AA).

Хан по средбата со Заев присуствуваше и на тематската седница посветена на итните реформски приоритети за евро-атланските интеграции, на која што бил прецизиран документот за итните реформи кои треба да се спроведат.

Заев на заедничката пресконференција со еврокомесарот, истакна дека присуството на Хан на седницата на Владата на Македонија испраќа силен сигнал до сите во земјава дека европските перспективи на Македонија, не се веќе далечен сон, туку реалност на дофат.

„Овој чекор очекувам дека ќе биде мотивација за сите граѓани. Прифатете ја подадената рака на Владата и заедно да се вложиме сите во реформскиот сериозен процес за квалитетен живот за сите граѓани во државата. Наша цел е Европската комисија да даде позитивна оценка на Македонија во извештајот за напредокот на државата на есен, како и да предложи чиста безусловна препорака за почеток на преговорите за членство со ЕУ", изјави Заев.

За таа цел, како што рече Заев се подготвува документ, наречен „Патоказ” кој предвидува реформи во клучни области како што се владеењето на правото, слободата на медиумите, Договорот од Пржино, Извештајот на Прибе, Рамковниот договор, извештаите на ЕК за напредокот на Македонија, професионални државни институции, независни регулаторни тела.

Еврокомесарот Хан на прес конференцијата и порача на опозицијата и релевантните инстутуциит дека треба сите заедно да работат на реформите државата да биде добро место за живеење на сите граѓани, истакнувајќи дека е сведок на оптимизмот и новата поволна клима во земјата по сите настани што се случија во неа.

„Повеќепати беше нагласена важноста за спроведување на реформите, меѓутоа не само за да се задоволат очекувањата на Европската Унија, туку овие реформи пред се треба да се спроведат за да се подобрат условите за живот на граѓаните на Република Македонија“, истакна Хан.

Хан најави дека денес треба да оствари средба со сите партиски лидери на партии кои се застапени во парламентот, изразуувајќи надеж дека сите ќе одиграат позитивна и констуктивна улога и дека за разлика од минатото сега ќе има дебата која ќе се води во рамките на Собранието.

Инаку, ова е прва посета на еврокомесарот Хан на земјава, откако е избрана новата Влада на Република Македонија предводена од премиерот Зоран Заев.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.