Балкан

Стефановиќ: Србија продолжува да ја следи ситуацијата и потезите на соседните земји

„Ова е првпат еден од клучните политичари во БиХ да изрече таков став, дека неговите надежи се оти БиХ ќе ја признае независноста на Косово. Тоа е политичка изјава, која ги усложнува односите на БиХ и ја загрозува стабилноста во регионот“

Andelija Stojkovic  | 16.11.2017 - Обновена : 16.11.2017
Стефановиќ: Србија продолжува да ја следи ситуацијата и потезите на соседните земји

Belgrad

БЕЛГРАД (АА) - По денешната седница на Советот за национална безбедност, Министерот за внатрешни работи на Србија и секретар на овој Советот, Небојша Стефановиќ не сакаше да зборува за конкретните мерки што Србија ќе ги преземе по повод изјавата на членот на Претседателството на БиХ, Бакир Изетбеговиќ, за Косово, што беше тема на седницата, јавува Anadolu Agency.

Стефановиќ за новинарите пред Претседателството на Србија изјави дека таа изјава не претставува добрососедски чин и оти ја загрозува стабилноста во регионот.

„Ова е првпат еден од клучните политичари во БиХ да изрече таков став, дека неговите надежи се оти БиХ ќе ја признае независноста на Косово. Тоа е политичка изјава, и кога некој ќе изнесе таков став, тој ги усложнува односите на БиХ, но ја загрозува и стабилноста во регионот“, изјави Стефановиќ.

Тој додаде дека официјалните лица на Србија одмерено реагирале на изјавите на Изетбеговиќ и оти во ниеден момент Белград не ја прекинал политичката поддршка на територијалниот интегритет на БиХ.

„Наш приоритет е зачувување на мирот и стабилноста во регионот. Сакаме да најдеме заеднички јазик со сите“, изјави Стефановиќ.

Тој додаде дека Србија сака да гради најдобри односи со БиХ, но оти мора да реагира кога некој посакува таа да остане без дел од својата територија.

„Ќе продолжиме да ја следиме ситуацијата, сите изјави и потези на државите околу нас“, изјави Стефановиќ.

Тој рече дека теми на состанокот биле и ситуацијата во Косово, текот на дијалогот на Белград и Приштина и продолжување на модернизацијата на вооружувањето на војската и полицијата на Србија.

Седницата на Советот за национална безбедност e закажана пред два дена, по интервјуто на Бакир Изетбеговиќ за „Дојче веле“ (Deutsche Welle), во коешто изјави дека признанието на Косово е потребен консензус на ниво на БиХ, и оти што се однесува до него, Косово досега требало да биде признаено.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.