Балкан

ТАВ Македонија ja промовираше новата линија Скопје – Минхен

Оваа директна авиолинија ќе сообраќа од Скопје до Минхен двапати неделно, а најниските цени за авионските билети ќе почнуваат од 39,99 евра

Besar Ademi  | 17.08.2017 - Обновена : 18.08.2017
ТАВ Македонија ja промовираше новата линија Скопје – Минхен

Skopje

СКОПЈЕ (АА) - Почнувајќи од 31 октомври оваа година, авиокомпанијата „Еуровингс“ (Eurowings) ќе отвори нова авиолинија на релацијата Скопје –Минхен, поврзувајќи го скопскиот аеродром „Александар Велики“ со меѓународниот аеродром во Минхен „Франц Јозеф Штраус“, јавува Anadolu Agency (AA).

Оваа директна авиолинија двапати неделно, односно секој вторник и петок ќе сообраќа од главниот град на Македонија до главниот град на Германија, со „Airbus A320-200“ (Ербас А320-200) кој има капацитет од 174 седишта. Како што е предвидено, најниските цени за авионските билети ќе почнуваат од 39,99 ера.

Генералниот директор на ТАВ Македонија, Алпер Ерсој, истакна дека авиолинијата Скопје – Минхен е на корист за двете страни, за граѓаните на двете држави.

„Преговаравме со 'Еуровингс' веќе една година и тие решија да направат директен лет од Скопје до Минхен. Сметаaт дека тој лет ќе биде многу важен затоа што не само што македонските граѓани ќе имаат директен пристап од Скопје до Минхен, туку ќе можат да се поврзат со други летови низ градовите на Европа“, рече Ерсој.

Од друга страна, директорот за развој на мрежата на авиолинии на „Еуровингс“, Иван Ореч, рече дека Македонија ќе биде 31. земја што ќе биде вклучена во нејзината мрежа. Тој додаде дека оваа авиолинија ќе обезбеди нови можности за зајакнување на релациите меѓу Македонија и Германија.

ТАВ Македонија, авиокомпанија која управува со двата аеродрома во Македонија, ги заврши првите седум месеци од 2017 година со 8% пораст на бројот на патници, достигнувајќи 1.089.906 патници на двата македонски аеродрома, „Александар Велики“ во Скопје и „Св. Апостол Павле“ во Охрид. На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.