Балкан

Тачи по повод протестите во Косово: Блокадите на патиштата се неприфатливи

„Ваквиот пристап е потполно неприфатлив, затоа што слободата на движење, слободата на собирање, на политичко мислење и слободата на изразување се загарантирани со Уставот и законите на Косово“

Zülfiya Yakup  | 29.03.2017 - Обновена : 30.03.2017
Тачи по повод протестите во Косово: Блокадите на патиштата се неприфатливи

Pristina

ПРИШТИНА (АА) - Претседателот на Косово, Хашим Тачи изјави дека блокадите на патиштата во Косово, се блокади на косовските патишта кон светот, пренесува Anadolu Agency (АА).

Тачи на својот Фејсбук профил, како одговор на протестите ова утро ширум Косово во вид на блокади поради предизборниот митинг на СНП (Српската напредна партија) во Лепосавиќ, порача дека таквиот пристап е целосно неприфатлив.

„Ваквиот пристап е потполно неприфатлив, затоа што слободата на движење, слободата на собирање, слободата на политичко мислење и слободата на изразување се загарантирани со Уставот и законите на Косово. Тоа важи за секој косовски граѓанин и никому нема да му биде дозволено загрозување на тие права, без оглед на разликите во убедувањата и во ставовите“, напиша Тачи.

Тој додаде дека од логиката на блокирање на патиштата, како што се случи денес во неколку косовски општини, најмногу корист имаат оние кои не ѝ посакуваат добро на земјата. Тачи порача дека државните институции треба да ја гарантираат заштитата на овие слободи за секој граѓанин.

Ширум Косово утрово се одржаа протести поради синоќешниот предизборен митинг на Српската напредна партија (СНП) на Александар Вучиќ во Лепосавиќ. Албанските мештани од Ораховац протестираа на влезот во селото Велика Хоча, каде што живеат Срби, се протестираше и во населеното место Падалиште, општина Исток, како и на магистралниот пат Гњилане-Приштина.

Иако српскиот премиер и кандидат за претседател на Србија на изборите на 2. април, Александар Вучиќ, го откажа доаѓањето на митингот во Лепосавиќ, косовски Срби организирани со автобуси тргнаа на настанот.

Косовските медиуми пренесуваат дека магистралниот патен правец Гнилање-Приштина утринава бил блокиран од страна на претставници на Организацијата на воени ветерани на ОВК во Гнилање. Тие биле со намера да ги спречат автобусите со косовски Срби од тој крај, тргнати на предизборниот митинг на СНП во Лепосавиќ.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.