Балкан

Тања Фајон за АА: Македонија наскоро ќе стане членка на НАТО

„Очекувам дека ќе имаме позитивни резултати. Исто така и кога е во прашање спорот со Грција околу прашањето со името. Секако дека луѓето во Македонија очекуваат промени кон подобро", истакна Фајон

Almir Terzic  | 18.11.2017 - Обновена : 19.11.2017
Тања Фајон за АА: Македонија наскоро ќе стане членка на НАТО

Sarajevo

САРАЕВО (AA) - Алмир Терзиќ

Заменик членот на Одоборот за надворешни работи на Европскиот парламент Тања Фајон во разговор за Anadolu Agency (АА) истакна дека очекува Македонија наскоро да стане членка на НАТО.

„Македонија наскоро ќе стане членка на НАТО. Мислам дека сега има позитивна атмосфера во државата. Се надевам дека тоа и политчарите ќе го искористат заедно со општеството", вели Фајон.

Во разговорот, таа зборуваше и за Македонија, осврнувајќи се на евроатланските перспективи и процеси на оваа држава.

„Како некој којшто верува во социјална, отворена, напредна држава, јас гледам позитивни чекори во Македонија. Со новата Влада која ветува сега има многу промени и во борбата против криминалот, корупцијата, се работи на јакнење на обвинителството, судството и владеење на правото. Очекувам дека ќе имаме позитивни резултати. Исто така и кога е во прашање спорот со Грција околу прашањето со името. Секако дека луѓето во Македонија очекуваат промени кон подобро. Всушност, во тој случај гледам позитивни промени во Македонија", наведува Фајон.

Таа истакнува дека тие промени ги поддржаа луѓе кои покажаа дека се проевропски и дека сакаат европски пат на Македонија.

„Македонија наскоро ќе стане членка на НАТО. Мислам дека сега има позитивна атмосфера во државата. Се надевам дека тоа и политчарите ќе го искористат заедно со општеството", вели Фајон.

- Белград и Приштина мора да соработуваат за доброто на граѓаните

Едно од отворените прашања во регионот за кој говореше пратеничката во Европскиот парламент секако се и односите помеѓу Белград и Приштина. Фајон говореше околу тоа на кој начин да се смират тензиите помеѓу двете држави и како да се реши тоа и Косово и Србија заеднички да одат кон ЕУ.

„Тоа сигурно ќе се случи со разумна политика, која е искрена, која сака на сите луѓе да им обезбеди пристоен живот и од едната и од другата страна. Тоа е во интерес на Белград и Приштина, во тој дијалог, некако да ги исполнат услвите, сите луѓе да можат да живеат заедно. И јас се надевам дека тој дијалог на Белград и Приштина, што е можно подобро, во позитивна атмосфера, ќе се одвива понатаму. Сите некои други опасни изјави, односно кога политичарите нешто договорат во Брисел, а потоа се враќаат дома, па таму прават нешто друго, не се корисни. Се надевам дека тој дијалог ќе тргне нормално и дека ќе го подобри животот на луѓето", наведе пратеничката во Европскиот Парламент Фајон, којашто воедно е и член на Делегацијата на Европскиот парламент за односи со Босна и Херцеговина и Косово.

- Политичарите не треба да ги плашат граѓаните со националистички изјави"

Осврнувајќи се на дисонантните тонови кои во последните денови можеа да се чујат меѓу државите во регионот од Западен Балкан, пратеничката во Европскиот парламент порача: „Ги следам овие изјави коишто ги плашеа граѓаните на Босна и Херцеговина. Моја порака секогаш би била дека ние како одговорни политичари во регионот треба да ги смириме луѓето, а не да ги плашиме со некои националистички или опасни изјави. Треба да покажеме дека сме одговорни и спремни за тоа да обезбедиме некаков нормален живот за граѓаните. Тоа го очекуваат од нас. Поради тоа јас би очекувала од лидерите во регионот да направат нешто слично", порача Фајон.

- Иднината на земјите од Западен Балкан е во ЕУ

Меѓу другото, таа порачува дека целиот регион на Западен Балкан е дел од Европа, како и дека неговата иднина е во ЕУ.

„Целиот регион на Западен Балкан е дел од Европа и има иднина во Европската унија и поради тоа лидерите на Западен Балкан треба да се свртат кон патот на ЕУ, порача во интервјуот а АА Тања Фајон, членка на делегацијата на Европскиот парламент за односите со Босна и Херцеговина и Косово и заменик член на Одоборот за надворешни работи на Европскиот парламент.

Нагласува дека мирот и стабилноста на Западен Балан, но и во цела Европа, не смеее да биде загрозен.

„Верувам дека е можен и мир и стабилност во цела Европа. Тоа не е нешто што е гаранција секој ден. Затоа секогаш треба да се бориме да го задржиме овој мир и стабилноста и поради тоа го имаме тој процес на европска интеграција. Поради тоа е и важно сите земји од Западен Балкан да имаат иднина во ЕУ", порача Фајон во разговор за АА.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.