Балкан

Тирана: Неколкумина повредени во судир меѓу полицијата и приврзаниците на опозицијата

Судирот се случи по именувањето на Арта Марку за привремен главен обвинител, што претставниците на опозицијата го сметаат за неуставно

Saimir Alija  | 18.12.2017 - Обновена : 19.12.2017
Тирана: Неколкумина повредени во судир меѓу полицијата и приврзаниците на опозицијата Olsi Shehu/АА

Tirana

ТИРАНА (АА) - Албанската полиција денес се судри со приврзаниците на опозицијата кои пред Собранието протестираа против изборот на новиот привремен главен обвинител, јавува Anadolu Agency (AA).

Судирите се случија по именувањето на Арта Марку за привремен главен обвинител, што претставниците на опозицијата го сметаат за неуставно.

Тензии имаше и во пленарната сала, каде што во текот на седницата претставници на опозицијата фрлаа димни бомби.

И покрај тоа, Арта Марку е избрана за привремен главен обвинител со 69 гласови од владејачката Социјалистичка партија на албанскиот премиер Еди Рама. Двајца пратеници беа против, двајца беа воздржани, а пратениците на опозицијата го бојкотираа гласањето.

На протестите пред Собранието присуствуваа приврзаниците на албанската опозиција предводена од Демократската партија (PD), кои се противат на процедурата за избор на нов обвинител.

Во моментот кога групата демонстранти се обиде да го пробие полицискиот кордон, дојде до судир. Толпата кон зградата на Собранието фрлаше димни бомби и камења, а во нередите има и повредени. 

Претставниците на опозицијата побараа од парламентарното мнозинство да ја повлече одлуката за именување на привремен главен обвинител, бидејќи како што велат, таа не е во согласност со Уставот.

Протестот го обезбедуваат голем број полициски припадници.

Арта Марку, должноста привремен државен обвинител ќе ја извршува до основањето на Високиот совет на обвинители.

На претходниот главен обвинител, Адриатик Лали, му истече мандатот во декември. На изборот на негов наследник се спротивстави опозицијата, која побара Лала да остане на таа функција.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın