Балкан

Тројно убиство во скопско Глумово, осомничениот се самоуби

Смртта е констатирана од екипа на Итната медицинска помош. Според првичните информации од МВР, станува збор за сторителот Ш.С. од село Глумово

Ivana Ramadanova  | 25.06.2017 - Обновена : 26.06.2017
Тројно убиство во скопско Глумово, осомничениот се самоуби

Skopje

СКОПЈЕ (АА) - Денеска околу 10 часот, три лица беа убиени, додека пак убиецот се самоубил при обидот на полициските Алфи да го приведат, јавува Anadolu Agency (AA).

Според соопштението од Министерството за внатрешни работи, убиството се случило во скопското село Глумово и на улицата Панајот Гиновски на влезот во село Кондово.

Полицијата соопшти дека едно лице е убиено во Глумово, а две на улицата Панајот Гиновски. Смртта е констатирана од екипа на Итната медицинска помош.

Според првичните информации од страна на МВР, станува збор за сторителот Ш.С. од село Глумово, Скопско.

Екипи од МВР се не терен и вршат увид, a најавени се повеќе детали во текот на денот.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın