Балкан

Турскиот министер Челик ги предупреди власта и народот на Албанија за опасноста од ФЕТО

Турскиот министер Фарук Челик вчера престојуваше во официјална посета на Албанија, а во Тирана присуствуваше на Турско-албанскиот бизнис форум за земјоделство

Ekipa  | 29.03.2017 - Обновена : 30.03.2017
Турскиот министер Челик ги предупреди власта и народот на Албанија за опасноста од ФЕТО ( Olsi Shehu/AA )

Tirana

ТИРАНА (АА) - Турскиот министер за храна, земјоделство и сточарство Фарук Челик ги предупреди власта и народот на Албанија на заканата од терористичката организација ФЕТО и побара од нив да бидат претпазливи, јавува Anadolu Agency (AA).

Челик вчера престојуваше во официјална посета на Албанија, а во Тирана присуствуваше на Турско-албанскиот бизнис форум за земјоделство.

Во текот на посетата, Челик за АА истакна дека борбата против терористичката организација ФЕТО била една од темите на бизнис форумот, но и на неговите официјални средби со албанските колеги.

„Ние на албанските власти им појаснивме колку е опасна терористичката организација ФЕТО и она што се случуваше во Турција. Видов дека се внимателни по ова прашање“, рече Челик, и додаде дека за борбата против ФЕТО значајни состаноци со албанските претставници одржуваат претставниците на турската амбасада во Тирана и претседателот на Меѓупарламентарната група на турско-албанското пријателство Јусуф Селахатин Бејрибеј.

Истакнувајќи дека Албанија е една од центрите на регионалниот мир, Челик рече дека претпазливоста во врска со прашањето за ФЕТО треба да биде на највисоко ниво со цел да се сочува мирот и стабилноста.

„Турција не се меша во внатрешните работи на која било земја, а така е и со земјите од Балканот. Турција го поддржува суверенитетот и стабилноста на сите земји во регионот, како и на сите соседи и пријателски и братски држави. Корисно е за Албанците и за сите други да знаат дека ќе продолжиме со поддршката во тој правец“, порача Челик.

Челик истакна дека терористичката организација ФЕТО е спречена во остварувањето на предавничките цели и оставена е без простор за сокривање и делување во Турција, и дека членовите на таа организација се во потрага по нови подрачја за делување.

Предупредувајќи ги Албанците, Челик кажа дека е јасно оти и Албанија е една од земјите во кои ФЕТО се обидува да опстане.

„Важно е дека власта е свесна за тоа, а ние ќе го направиме она што е наша должност. Најправилно е да им се порача на сите семејства да се грижат за своите деца“, заклучи Челик.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.