Балкан

Турција: Пресудата на Младиќ да придонесе кон јакнење на мирот

„Се надеваме дека пресудата ќе придонесе кон јакнење на мирот и дијалогот во БиХ и регионот, а воедно ќе биде и пример злосторствата да не се повторат во другите делови од светот во кои за жал траат кризи", се наведува во соопштението

Zuhal Demirci  | 22.11.2017 - Обновена : 22.11.2017
Турција: Пресудата на Младиќ да придонесе кон јакнење на мирот

Ankara

АНКАРА (AA) – Министерството за надворешни работи на Турција изрази надеж дека денес изречената пресуда на Ратко Младиќ на Хашкиот трибунал ќе придонесе кон јакнење на мирот и дијалогот во Босна и Херцеговина, јавува Anadolu Agency (AA).

Меѓународниот кривичен суд за поранешна Југославија (МКСЈ) денеска во Хаг изрече првостепена доживотна затворска казна на воениот командант на војската на Република Српска Ратко Младиќ и го прогласи за виновен за 10 од вкупно 11 точки од обвинението, вклучувајќи геноцид, прогони и други најтешки облици на злосторства кои во БиХ се случија во текот на агресијата од 1992. до 1995. година.

Турското Министерство во пишана реакција укажа дека пресудата изречена за најтешките облици на злосторства како што се геноцид, злосторства против човечноста и обичаи на војување.

Исто така се наведува дека денешната пресуда на МКСЈ е важна порака дека нема да изостанат казните на надлежните судови за сите злосторства кои против човечноста се извршени во БиХ.

„Се надеваме дека пресудата ќе придонесе кон јакнење на мирот и дијалогот во БиХ и регионот, а воедно ќе биде и пример злосторствата да не се повторат во другите делови од светот во кои за жал траат кризи", се наведува во соопштението на турското Министерство.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın