Балкан

Уставниот суд не поведе постапка за мандатот на градоначалниците

Уставните судии одлучија дека Судот не е надлежен да одлучува за правни сиутуации кои не постојат, бидејќи, според судијата известител Елена Гошева, тоа е во исклучива надлежност на Собранието на Република Македонија

Admir Fazlagic  | 10.05.2017 - Обновена : 11.05.2017
Уставниот суд не поведе постапка за мандатот на градоначалниците

Skopje

СКОПЈЕ (АА) - Уставниот суд на Република Македонија на денешната седница едногласно одлучи да не поведе постапка за оценување на иницијативите за укинување на два члена од Законот за локална самоуправа и од Изборниот закон, со што ќе се овозможеше градоначалниците и советниците да останат на своите функции до одржувањето на локалните избори, јавува Anadolu Agency (AA).

Подносителите на иницијативите Министерството за локална самоуправа и Светскиот македонски конгрес, бараа оценка на уставноста и на законитоста на член 35, став 1 и на член 49 од Законот за локалната самоуправа, член 16, став 1 и член 16, став 1 во делот „во првата половина во мај“ од Изборниот законик.

Уставните судии одлучија дека Судот не е надлежен да одлучува за правни сиутуации кои не постојат, бидејќи, според судијата известител Елена Гошева, тоа е во исклучива надлежност на закондавецот, односно Собранието на Република Македонија.

„Со иницијативите се бара Уставниот суд да креира нова правна ситуација, за што е надлежно Собранието. Во согласност со утврдените надлежности, на Уставниот суд е да оценува дали содржината на одреден закон е во согласност со Уставот или не е, а не да креира закони", рече Гошева.

Локалните избори требаше да се одржат во првата половина на мај, но поради тоа што не беше избран претседател на Собранието, истекоа сите рокови за нивно распишување во предвидениот термин.

Исто така, уставните судии на денешната седницата одлучуваат и по иницијативата поднесена од земјоделското здржение Агротиквешија со која се бара оспорување на членот од Изборниот законик според кој е забранета исплата на субвенции се до формирање нова Влада.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.