економија, Балкан

Факибаба-Вучиќ: Зголемување на трговската размена меѓу Србија и Турција

Српскиот претседател Вучиќ ја истакна подготвеноста на Србија да соработува со Турција и го замоли турскиот министер да се зголеми квотата за извоз на говедско месо и сончогледово масло од Србија во Турција

Andelija Stojkovic  | 22.08.2017 - Обновена : 23.08.2017
Факибаба-Вучиќ: Зголемување на трговската размена меѓу Србија и Турција   Mustafa Öztürk/AA

Belgrad

БЕЛГРАД (АА) - Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, денес разговараше со министерот за храна, земјоделство и сточарство на Турција, Ахмет Ешреф Факибаба, за соработка во областа на земјоделство, јавува Anadolu Agency (АА).

„Министерот Факибаба изјави дека Србија е клучна земја за стабилност на регионот и оти колку што е важна за Балканот, Србија е важна и за Турција, а исто така вети и значително зголемување на трговската размена меѓу двете земји“, се наведува во соопштението од Кабинетот на претседателот на Србија.

Вучиќ ја истакна подготвеноста на Србија да соработува со Турција и го замоли турскиот министер да се зголеми квотата за извоз на говедско месо и сончогледово масло од Србија во Турција.

Факибаба на Вучиќ му пренесе поздрави од турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, а Вучиќ изрази благодарност до претседателот на Турција, бидејќи како рече, ја разбира Србија и покажува почит кон неа.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.