Балкан

Халкбанк АД Скопје добитник на наградата „Најдобра Банка за МСП во Македонија за 2017“

„Прогласувањето на Халкбанк АД Скопје за најдобра банка за мали и средни претпријатија во Македонија за 2017 година е уште една потврда за квалитетот на услугите што ги нуди банката“, се вели во соопштението

Admir Fazlagic  | 22.08.2017 - Обновена : 23.08.2017
Халкбанк АД Скопје добитник на наградата „Најдобра Банка за МСП во Македонија за 2017“

Skopje

СКОПЈЕ (АА) - Светското водечко списание „Global Banking & Finance Review“ (Преглед на глобалното банкарство и финансии) на „Халкбанк АД Скопје“ ѝ ја додели наградата за „Најдобра банка за мали и средни претпријатија во Македонија за 2017 година“, Anadolu Agency (AA).

„Прогласувањето на Халкбанк АД Скопје за најдобра банка за мали и средни претпријатија во Македонија за 2017 година е уште една потврда за квалитетот на услугите што ги нуди банката, и за нејзиниот придонес во обезбедувањето соодветна поддршка за еден од најзначајните двигатели на економскиот развој на една земја, малите и средните претпријатија“, соопшти „Халкбанк АД Скопје“ по повод добиената награда.

Како што се наведува во соопштението, прогресивната и успешна маркетинг-стратегија што банката ја спроведува низ годините придонесува за континуиран раст на кредитното портфолио на малите и средните претпријатија (МСП) и на корпоративните кредити, при што во 2016 година износот на вкупно исплатени кредити на компании достигна 271,2 милиони евра, со услужени вкупно 1.215 компании.

Од оваа бројка, 48 се големи корпоративни клиенти со исплатени кредити во вкупен износ од 125,6 милиони евра, а останатите 1.167 се мали и средни претпријатија со исплатени кредити во вкупен износ од 145,6 милиони евра.

„Секојдневните активности на банката, па и стратешките планови се водени од целта за поттикнување на помошта и поддршката на македонската економија, обезбедувајќи средства и ресурси за продуктивна Македонија“, истакнувааат од банката.

За тоа, според „АД Халкбанк“, говорат и многубројните изградени односи со меѓународни финансиски институции преку кои банката обезбедува развојни фондови за поддржување на националната економија.

„Благодарение на долгогодишната соработка со најголемите меѓународни финансиски институции, 'Халкбанк АД Скопје' користи повеќе кредитни линии што имаат различна наменска и развојна цел. Во соработка со МБПР, 'Халкбанк' обезбедува две кредитни линии за финансирање на потребите за основен и обртен капитал на малите и средните претпријатија регистрирани во Република Македонија и приоритетни проекти.

Заедно со нашиот стручен и посветен тим и силниот систем на управување во банката, продолжуваме да ги прошируваме односите со малите и средните претпријатија и корпоративните клиенти, и заедно да развиваме нови можности.

Оваа награда ќе биде дополнителен поттик за 'Халкбанк АД Скопје' да продолжи да работи како професионален партнер на корпоративните, малите и средните претпријатија во земјата и да продолжи да работи во насока на зголемување на задоволството на клиентите“, порачуваат од „АД Халкбанк“.

Инаку „Global Banking & Finance Review“ е водечко онлајн и печатено списание коешто е основано како резултат на зголемената потреба за објективно информирање и обезбедување квалитетни, навремени и независни информативни вести во рамките на финансиската заедница.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın