Балкан

Ципрас: ЕУ треба да ја исправи големата грешка кон Балканот

ЕУ би требало наскоро да ја исправи големата грешка, која своите корени ги влече од тоа на кои начини Европа се однесуваше кон Балкан до сега

Andelija Stojkovic  | 09.12.2017 - Обновена : 10.12.2017
Ципрас: ЕУ треба да ја исправи големата грешка кон Балканот (Foto: Arhiva/AA)

Belgrade

БЕЛГРАД (AA) - Претседателот на Србија Александар Вучиќ денеска во Белград разговараше со премиерите на Бугарија, Романија и Грција, Бојко Борисов, Михаил Тудоз и Алексис Ципрас за тоа како Србија да побрзо да ја доближат кон Европската унија, но и за инфраструктурни проекти кои се однесуват на гасот и железниците, јавува Anadolu Agency (AA).

Премиерот на Грција Алексис Ципрас рече дека ЕУ треба да ја исправи големата грешка кон Балканот.

„ЕУ би требало наскоро да ја исправи големата грешка, која своите корени ги влече од тоа на кои начини Европа се однесуваше кон Балканот до сега. Беше познато дека Балкан е ризично подрачје. Србија веќе не може да биде надвор од европското семејство, под услов повеќето од населението да сака да биде дел од ЕУ", рече Ципрас на заедничката конференција за новинарите во Белград.

По состанокот тој рече дека претседавањето на Бугарија со ЕУ дава голема можност четирите земји да ги промовираат своите заеднички идеи и дека тоа ќе биде заедничко претседавање на Балканот.

„Сакам да го поздравам предлогот на Бојко Борисов да организира собир на ЕУ и државите на Западен Балкан, кој ќе пренесе порака дека бугарското претседавање со ЕУ ќе биде претседавање на Балканот", рече Ципрас.

Грчкиот премиер додаде дека мирот, стабилноста и економскиот раст на Балканот можат да бидат остварливи само со почитување на меѓународното право, а дека Пактот од Лозана претставува „камен темелник" за регионот на Балканот.

Премиерот на Бугарија Бојко Борисов на функционерите на ЕУ им порача дека со Србија, Бугарија, Романија и Грција ќе имаат безбеден и предвидлив Балкан, кој нема да прави проблеми.

Борисов оцени дека сега е време да се оствари поврзаноста на Балканот и дека балканските лидери решиле да се фокусираат на инфраструктурни проекти.

Вучиќ им се заблагодари на премиерите на Бугарија, Грција и Романија што ја поддржуваат Србија на европски пат.

„Тоа е важно за иднината на Србија, но и за стабилноста, мирот и предвидливоста на целиот регион на Западен Балкан", рече Вучиќ.

Премиерот на Романија Михаил Тудозе рече дека сега се говори за интеграции на Србија во ЕУ и дека трите земји се подготвени да ја поддржат Србија и да ѝ го олеснат патот.

Претседателот на Србија и премиерите на Бугарија, Романија и Грција разговараа и за инфраструктурни проекти, кои се однесуваат на гасовод, пруги и автопатишта.

Ципрас рече дека еден од проектите за кои се разговарало се изградба на железничка врска помеѓу Егејско море и Дунав, која би ги поврзувала бугарските и грчките пристаништа, но и дека во рамките на тој проект е потребно да се направи железничка врска помеѓу Солун и Белград и Белград и Софија.

Вучиќ рече дека Србија и Бугарија разговарале за гасната врска и дека за делот кој ќе го изведува Србија обезбедени се 85 милиони евра, од кои 49,1 милион евра добиени од грантови на ЕУ.

Тој додаде дека за Србија е важна и намерата на Бугарија, да изгради цевководи од каде Србија би земала гас и од Турски тек и од Александрополиз, но и од Романија и другите места.

Премиерот на Бугарија Бојко Борисов рече дека во наредните година-две, ќе бидат завршени пругите Белград- Софија-Солун, Белград-Софија-Бургас и Белград-Софија-Истанбул и дека сака Букурешт и Софија да бидат поврзани со подобри автопатишта.

„Нашиот автопат Истанбул-Софија-Бургас, кој е нов, веќе е тесен, мораме да го прошириме. Повеќе од 5.000 камиони ја поминуваат турско-бугарската граница", рече Борисов.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.