Балкан

Чавушоглу: Секое оружје во рацете на ЈПГ и ПКК е закана за Турција

„И ЈПГ и ПКК се терористички организации. Нема тука никаква разлика. Само различно се нарекуваат и секое оружје што доаѓа во нивните раце е закана за Турцијa“

Kayhan Gül  | 10.05.2017 - Обновена : 10.05.2017
Чавушоглу: Секое оружје во рацете на ЈПГ и ПКК е закана за Турција

Podgorica

ПОДГОРИЦА (АА) - Министерот за надворешни работи на Република Турција, Мевлут Чавушоглу, остро ја критикуваше синоќешната одлука на американскиот претседател Доналд Трамп, кој му даде одобрување на Пентагон за опремување и вооружување на курдските елементи на Сириските демократски сили (SDG), јавува Anadolu Agency (AA).

„И ЈПГ и ПКК се терористички организации. Нема тука никаква разлика. Само различно се нарекуваат и секое оружје што доаѓа во нивните раце е закана за Турција. И претходно ви покажавме дека од терористите на ПКК во Турција запленувавме оружје што е давано на сирискиот ЈПГ“, изјави Чавушоглу по денешната средба со црногорскиот колега Срџан Дармановиќ во Подгорица.

Осврнувајќи се на односите меѓу САД и Турција, Чавушогли изјави дека администрацијата на Трамп од почетокот изнела став дека ја разбира чувствителноста на некои прашања за Турција и дека нема да прават потези кои би ѝ наштетиле на Турција.

„На САД многу добро им е познат турскиот став за ЈПГ. Тоа е иста терористичка организација како и ПКК. Во Сириските демократски сили (SDS) се наоѓа и ЈПГ, како и некои арапски сили. Американскиот колега Тилерсон последниот пат ми кажа дека умерените арапски сили сочинуваат 60 отсто од СДС. Ние им дадовме одредени совети, а особено во врска со неопходното раздвојување на арапските сили од терористите на ЈПГ во СДС за време на операцијата за ослободување на Рака. Важно е арапските сили да влезат во Рака“, изјави Чавушоглу.

Тој истакна дека сунитските Арапи сочинуваат 99 отсто од популацијата на Рака, и дека мора внимателно да се планира иднината на сириските градови откако ќе бидат ослободени од терористите на ДЕАШ.

„Доколку навистина ја поддржуваме територијалната целовитост и стабилност на Сирија, мораме да извлечеме поуки од грешките во Ирак и да не ги повторуваме во Сирија“, порача Чавушоглу.

Шефот на турската дипломатија изјави дека за тие прашања, со американскиот колега Трамп ќе разговара и турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, за време на претстојната посета на Вашингтон.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın