економија

„Siemens“ гради електрифициран автопат во Германија

Линијата ќе снабдува електрична енергија за хибридните камиони на електричен погон

Zeynep Beyza Kılıç  | 12.08.2017 - Обновена : 13.08.2017
„Siemens“ гради електрифициран автопат во Германија

Ankara

АНКАРА (АА) - Компанијата „Siemens“ (Сименс) е овластена од германската сојузна покраина Хесен за изградба на надземна контактна линија за електрифициран товарен транспорт на автопат во должина од десетина километри, објави компанијата, пренесува Anadolu Agency (AA).

Линијата ќе снабдува електрична енергија за хибридните камиони на електричен погон.

Системот се планира да биде завршен кон крајот на 2018 година.

„Siemens“ е одговорен за планирањето, изградбата и одржувањето на системот, додека „Hessen Mobil“, компанија одговорна за патничкото и транспорното менаџирање во Хесен, ќе раководи со проектот.

Системот се гради како дел од заедничкиот проект „Електрифициран, иновативен транспорт преку автопатите" на германското Федерално министерство за животна средина, заштита на природата, градежништво и нуклеарна безбедност.

Електрифицираниот автопат е двојно поефикасен во споредба со оние за моторите со внатрешно согорување, велат од „Siemens“.

„Основниот елемент на системот е интелигентниот пантограф на камионите во комбинација со хибриден погонски систем. Камионите опремени со системот работат локално без емисии со електрична енергија од надземната линија и автоматски се префрлаат на хибриден мотор на патишта без надземни водови“, објаснуваат од „Siemens“.


На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.