економија

„Боинг“ отвора фабрика во Кина: Годишно ќе се монтираат 100 авиони

Тоа ќе биде првата фабрика што Боинг ја отвора во странство, а првиот авион од таа фабрика на пазарот би требало да се појави во наредната година

Fuat Kabakçı  | 13.03.2017 - Обновена : 14.03.2017
„Боинг“ отвора фабрика во Кина: Годишно ќе се монтираат 100 авиони

Peking

ПЕКИНГ (АА) - Американската компанија „Боинг“ ја отвора првата фабрика во Кина за монтирање на авионите „боинг 737“.

Кинеската новинска агенција Синхуа јавува дека „Боинг“, во соработка со кинеската компанија „COMAC“, кон крајот на овој месец ќе започне да гради фабрика за монтирање на авиони во градот Џушан, во источна Кина, пренесува Anadolu Agency (AA).

Тоа ќе биде првата фабрика што Боинг ја отвора во странство, а првиот авион од таа фабрика на пазарот би требало да се појави во наредната година.

Во просек, фабриката ќе составува 100 авиони „боинг 737“ на годишно ниво.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın