економија

Заев: Условите за домашните и странските инвеститори ќе бидат исти

„Оваа влада продолжува со политикте на поддршка и привлекување на странски инвестиции. Новината е што условите ќе важат и за домашните инвеститори“, рече Заев

Besar Ademi  | 19.07.2017 - Обновена : 20.07.2017
 Заев: Условите за домашните и странските инвеститори ќе бидат исти (Foto: Besar Ademi/AA)

Skopje

СКОПЈЕ (АА) - Премиерот на Македонија, Зоран Заев, на традиционалниот деловен појадок организиран од страна на Сојузот на стопански комори на Македонија, соопшти дека Владата на Македонија донела одлука условите за домашните инвеститори да бидат исти со условите за странските инвеститори, јавува Anadolu Agency (AA).

На традиционалниот појадок беа присутни над 200 бизнисмени и членови на Соузот на стопанските комори на Македонија, на кои им се придружија странски амбасадори во Македонија и ресорните министри во Владата на Македонија.

„Ние донесовме одлуки и веќе во предлог ребаланост на буџетот вградивме значителни финансиски средства за да можеме во прва прилика да соопштиме дека државата во делот на привлекувањето ина инвестиите ги изедначува условите на странските со домашните инвеститори. Тоа значи дека оваа влада продолжува со политикте на поддршка и привлекување на странски инвестиции. Новината е што условите ќе важат и за домашните инвеститори“, рече Заев.

Во врска со инспекциските служби, македонскиот премиер истакна дека тие, пред сѐ, ќе имаат превентивна улога и наместо да казнуваат како што беше практиката досега, тие при првата контрола ќе изречат превентивни мерки.

„Веројатно и јас сум првиот премиер којшто доаѓа од деловната заедница, водев комерцијален дел на приватни семејни компании и апсолутно ми е јасна секоја мака и можност со која деловните луѓе се среќаваат. Ќе го искористам и тоа искуство заедно со сите ваши согледувања заедно со сите искусни министри да ги остраниме сите слабости. И административните, но и да го унапредиме севкупниот дел на развој на стопанството“ истакна Заев.

Заев пред деловниот појадок информираше дека државниот долг во економијата не се очекува да надмине 700 милиони евра. Тој нагласи дека сѐ уште се прават анализи и досега се потврдени 400 милиони евра. Истовремено, Заев истакна дека секој инвеститор на кој ќе му биде одобрена гринфилд инвестиција во Македонија, без разлика дали е домашен или странски, ќе добие целосна поддршка.

Во присуство на премиерот Зоран Заев, бизнисмени, амбасадори и ресорните министри од Владата на Република Македонија, претседателката на Сојузот на стопанските комори на Македонија, Даниела Арсовска, претстави пакет од 75 мерки за структурните економски реформи во земјата, меѓу кои клучни предлози беа реформирање на инспекциските служби, борба против сивата економија и учеството на бизнис заедницата во создавање на економските политики.

Пакетот од 75 мерки, како што рече таа, е во насока на хармонизација со забелешките на Европската Унија за неопходноста од имплементација на структурните реформи за подобрување на инвеститорската клима во специфични сектори.

Претставниците на бизнис заедницата пред ресорните министри ги претставија предизвиците со коишто се соочуваат и изнесоа предлози за надминување врз основа на докажана релевантна анализа, позитивни бизнис практики и компаративни искуства.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın