економија

„Македонија и Грција потпишаа договор за бизнис вмрежување"

Зарков соопшти дека договорот е потпишан минатата недела во Кожани, Грција, на меѓународната конференција чија цел беше развојот на Балканскиот полуостров, особено во секторот на агро-бизнисот и имплементација на модерната дигитална технологија

Besar Ademi  | 21.06.2017 - Обновена : 22.06.2017
„Македонија и Грција потпишаа договор за бизнис вмрежување" (Foto: Besar Ademi/AA)

Skopje

СКОПЈЕ (АА) - Претседателот на Сојузот на стопански комори на Македонија, Александар Зарков, на денешната прес конференција нагласи дека како резултат на соработката меѓу економската институција кој тој ја предводи, и Грчката интернационална бизнис асоцијација е потпишан договор за соработка и вмрежување на бизнисмените од двете земји, јавува Anadolu Agency (AA)

Зарков соопшти дека договорот е потпишан минатата недела во Кожани, Грција, каде и тој на покана на грчкото Министерство за рурален развој учествувал на меѓународната конференција чија цел беше развојот на Балканскиот полуостров, особено во секторот на агро-бизнисот и имплементација на модерната дигитална технологија.

„Учеството на Сојузот на стопанските комори на Македонија на оваа тркалезна маса на највисоко ниво е уште еден чекор кон зајакнување на економската и билатералната соработка помеѓу Македонија и Грција. На тркалезната маса, беше истакната потребата за развивање на програма за интегрирање на Балканскиот полуостров и имплементација на целите за одржив развој, особено во земјоделството, за целиот регион“ истакна Зарков.

Од друга страна, претседателот на Македонската индустриска комора при Сојузот на стопански комори на Македонија, Сотир Ампов, пренесе дека заедничките трговии и инвестиции се во центарот на вниманието на бизнисмените од двете држави. 

„Како соседски земји потенцијалите за соработка се големи, како меѓу компаниите така и за заеднички настап во трети земји а и учество во заеднички проекти. Бизнис заедницата веќе има воспоставено добра економска соработка со голем потенцијал за надоградување“, рече Ампов.

Според Сојузот на стопански комори на Македонија, Грција е еден од најважните трговски партнери на Македонија, а најголемите инвестиции се во банкарскиот сектор, во нафтената индустрија, во трговијата како и во текстилната индустрија. Според соопштеното, трговската размена меѓу двете земји минатата година достигна до 598 милиони евра, извозот од Македонија изнесувал 148 милиони евра, додека увозот 450 милиони евра.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.