економија

Вицепремиерот Анѓушев го претстави „Планот за економски раст“

Преку „Планот за економски раст“, новата Влада има за цел да го подобри економскиот имиџ на земјата, нудејќи државна поддршка и услови за отворање на нови работни места, безбедност, врска со европскиот пазар и реализирање на капитални инвестиции

Besar Ademi  | 19.09.2017 - Обновена : 20.09.2017
Вицепремиерот Анѓушев го претстави „Планот за економски раст“

Skopje

СКОПЈЕ (АА) - Заменик-претседателот на Владата на Македонија задолжен за економски прашања, Кочо Анѓушев, пред меѓународната заедница во Македонија ги претстави мерките од „Планот за економски раст“ на Владата, јавува Anadolu Agency (AA).

По претставување на овој план, организирано во просториите на Владата на Македонија, претставниците на меѓународната заедница ги изразија своите мислења во врска со претставените мерки. Присутните го поддржаа овој економски план, но некои од нив поднесоа нови предлози и различни прашања за тоа како ќе се спроведува споменатиот план, како соработката меѓу компаниите и државните институции, средствата за неговото спроведување.

Вицепремиерот Анѓушев нагласи дека овој план нема да чини повеќе од 30 милиони евра. Тој истакна дека не е доволно само да се постават мерките за поддршка и субвенција на компаниите, туку треба да се планира една поширока акција за враќање на довербата во државните институции.

За прашањето на претставниците на меѓународната заедница околу обуката за целиот овој процес, Анѓушев рече дека новата Влада планира да преземе нови мерки и во областа на образованието, бидејќи многу професии и занаети во Македонија се исчезнати, а младите најмногу ќе се образуваат во областа на правосудството, наставата, економијата и други.

„Доколку зсега земете каква е состојбата во Македонија, вие имате различни вистини. Една е вистината дека имате голем процент на невработеност, а од друга страна исто така е вистина кога ќе излезете да побарате специјалисти за работа, работници во фабриките вие не можете да најдете никого и со тоа се соочуваат и странските и домашните инвеститори“ вели Анѓушев.

Преку „Планот за економски раст“, новата Влада на Македонија има за цел да го подобри економскиот имиџ на земјата, нудејќи државна поддршка и услови за отворање на нови работни места, безбедност, врска со европскиот пазар и стандарди, како и реализирање на капиталните инвестиции за развој на патната, железничката и енергетската инфраструктура.

Мерките поделени во три фази предвидуваат и финансиска поддршка, со покривање до 20 отсто од исплатената плата за одредени компании кои ќе ги исполнат условите поставени од страна на Владата.

Овој план има за цел зголемување на платите и развој на компаниите, а конечниот ефект ќе се почувствува преку поквалитетниот животен стандард.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.